Од денес се укинува забраната за движење во шумите

Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари

-

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена, која беше донесена на 15 јули годинава. Укинувањето на забраната следува по извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, соопштија од МЗШВ.

Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште беше донесена за граѓаните да не можат да се движат низ шумските предели низ земјата во периодите од 06:00 до 20:00 часот. Тие што не ја почитуваа, добиваа огромни казни.

Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник.

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Марио Спасевски
Марио Спасевски
Новинар, Поткастер, Туризолог, Надреалист, Гејминг Гуру, Авантурист, Патник низ времето

Конкурс за краток хорор расказ на македонски јазик за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќта на вештерките“, кој традиционално во западните земји се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“, во соработка со Книжевниот центар „Антолог“, објавува...