Познатиот стрип автор и музичар Антонио Аранѓеловиќ, попознат како „Тонио Сан“ на 19 септември во просториите на Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ Скопје) ја промовираше својата нова графичка новела „9 Животи“.
Графичката новела црпи инспирација од модерниот и мрачниот свет на младите и начинот на кој го гледаат и доживуваат. Авторот преку главниот лик „Дежа Ву“ го раскажува светот преку негова перспектива – како младиот и несфатен тинејџер ги гледа сите карактери како различни животинчиња и како сака светот да е шарен, иако сè околу него има сивило тематика.
Инспирацијата за името „9 Животи“ е од феноменот на мачките, кои имаат девет животи. Затоа и самиот стрип е целосно поделен на девет дела, како што се девет уникатни моменти од животот на еден човек којшто се гледа себеси како мачор -приказни каде што гледаме љубов, смрт, пријателство, предавство, издигнување и многу повеќе.
Антонио Аранѓеловиќ на широката публиката ѝ е најпознат по неговата музичка кариера со над десет соло албуми и плус пет албуми во други групи. По професија е професор на дизајн и мултимедија при Универзитетот ФОН. На студентите од ФОН им е познат како најкул професорот што го имале, а луѓето што ја следат стрип културата во Македонија го знаат по неговиот уникатен стил на креација на стрипови.