fbpx
Таг: уписи во средно

таг: уписи во средно

На 26 јуни квалификациско тестирање во „Панче Караѓозов“ и во средните уметнички училишта

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека на 26 јуни (понеделник) ќе се организира квалификациско тестирање во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за прием на средношколци за образовните профили фармацевтски техничар на албански наставен јазик. Исто така, на 26 јуни ќе се организира квалификациското тестирање и во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и...

Опаѓа интересот за гимназиите, расте за стручното образование

Средното стручно образование станува сè поатрактивно и поинтересно за младите. Дека е тоа така покажува годинашниот прв уписен рок, после кој може да се забележи дека гимназиите остануваат со многу слободни места, додека директорите на стручните училишта, се фалат со подобар упис во споредба со минатите години. Ако минатата година, во гимназијата „Орце Николов“ за 285 слободни места се пријавиле...

Апликацијата Challenger во „Шорткат“: Поени за секој изминат километар пешки или на велосипед

Во новата епизода на „Шорткат“ ве запознаваме со апликацијата Challenger, која е вистински мотиватор за пешачење и користење на велосипед. Колку повеќе километри ќе изминете пешки или на велосипед, толку повеќе поени ќе добиете и потоа ќе можете да ги искористите за попусти во одредени продавници. За тоа како функционира оваа мобилна апликација, дознаваме во денешната емисија. Носиме вести и...

Шаќири: Полуматурантите да се фокусираат на стручното образование

Државата има дефицит на стручен кадар и доста работни места со солидни примања каде се бараат квалификувани работници се неисполнети. Со диплома од средно стручно училиште полесно ќе можат да се вработат, но и ќе имаат добра основа за понатамошна академска надобразба, порача денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири, апелирајќи полуматурантите да се фокусираат на средно стручно...

Mладите да се запишуваат во средните стручни училишта и на техничките факултети, порача Шаќири

При изборот на образование, младите да се водат од податоците за тоа што е потребно на пазарот на трудот, порача денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на средбата со полуматурантот Олег Стефановски. Олег е ученик во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје, а својата иднина ја гледа работејќи во областа на информатичко-комуникациските технологии, како 3Д дизајнер на игри. Тој...

Објавен е конкурсот за уписи во средните училишта за учебната 2023/2024 година

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година. Во новата учебна година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиско образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. Во соработка со општините и компаниите се обезбедени и 6.475...

Дружбата и садењето во градината „Бостание“ е главна тема на новата епизода на „Шорткат“

Како функционира општествената градина „Бостание“ во Скопје и на кој начин младите може да се приклучат во заедничкото садење, дружба и едукација на ова место ќе биде главна тема во најновата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва. Во „Шорткат“ информираме и за начинот на којшто годинава ќе се вршат уписите во средните училишта, коишто се...

Од септември учениците ќе можат електронски да се запишуваат во средните училишта

Министерството за образование и наука (МОН) има за цел од септември годинава деветоодделенците да можат по електронски пат да се запишат во средно училиште во земјава. Ова ќе се овозможи со дигиталната услуга „Електронски уписи на ученици во средни училишта“. За ова денеска информираше министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на новата услуга што се реализира во...

Објавени конкурсите за запишување во средно образование и за сместување во ученичките домови

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година. Во Конкурсот, кој може да се види на следниот ЛИНК, наведени се условите за запишување во средните училишта, критериумите за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на...

Адеми: Парична помош за младите, наставниците да оценуваат исто како во училница

Владата во рамки на третиот пакет економски мерки, за директна поддршка на младите лица, предвиде доделување три типа ваучери за средношколци, студенти и за млади лица до 29 години, најави на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Оваа мерка се очекува да им помогне и да им ја олесни состојбата во која се наоѓаат младите и полесно...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...