Дружбата и садењето во градината „Бостание“ е главна тема на новата епизода на „Шорткат“

Како функционира општествената градина „Бостание“ во Скопје и на кој начин младите може да се приклучат во заедничкото садење, дружба и едукација на ова место ќе биде главна тема во најновата епизода на емисијата за млади „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва.

Во „Шорткат“ информираме и за начинот на којшто годинава ќе се вршат уписите во средните училишта, коишто се закажани за 14 и 15 јуни. Ќе можете да погледнете и како помина полагањето на државната матура изминатиов викенд, но и да се информирате за подоброто спроведување на Зелената агенда коешто го побараа претставниците на невладиниот сектор од Западен Балкан.

Во 40-тата по ред епизода информираме и за тоа колку посетата на кино салите лани била интересна за македонските граѓани, но и ве водиме со снимка на одржаниот фестивал за електронска музика „Унум“ во Шенѓин, Албанија. Во „Шорткат“ ќе може и да ги погледнете подводните снимки со живиот свет под ледената површина на Антарктикот, кои ги направиле истражувачи од Нов Зеланд.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на социјалните мрежи со почеток во 19:00 часот.