Таг: Државна матура

таг: Државна матура

Државната матура во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“

Навременото полагање на државната матура е особено значајно за да можат матурантите со резултатите од испитот да аплицираат на факултет. За важноста на самата државна матура, како и за тоа на кој начин таа би требало во иднина да се организира, дознаваме од разговорот со Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци, во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во новите...

Матурата да се реформира, приемниот испит на факултет е неопходен за оценување на знаењето

Полагањето на државната матура за средношколците како концепт треба да се задржи, но да се осовремени и да се адаптира согласно новите технолошки трендови, потребите и барањата на пазарот на труд. Приемниот испит на факултетите, сепак, е неопходен за валоризирање квалитетот и нивото на знаење на ученикот. Реформирањето на државната матура не е едноставен процес, но доколку се вклучат сите...

Maтура ќе има, но неизвесно е дали сè ќе биде подготвено за полагање на 27 мај

Државна матура ќе има, бидејќи вработените во Државниот испитен центар го ставија во мирување штрајкот со кој бараат повисоки плати. Сепак, оттаму велат дека не отстапуваат од нивните барања за повисоки примања и дека ќе продолжат да се борат за тоа. Она што останува неизвесно е дали вработените ќе стасаат да сработат сè, за да може да се реализира првото...

Сојуз на средношколци: Државата има законска обврска да ја спроведе државната матура во предвидениот рок

Одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука македонската држава е должна истата да ја спроведе во законски предвидениот рок, реагира Сојузот на средношколци откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера најавија дека ќе продолжат со штрајкот, со што одржувањето на матурата во предвидениот рок се доведе до прашање. Средношколскиот сојуз вели дека правото на штрајк е уставно...

МОН: Ги разбираме колегите од ДИЦ, но инстистираме матурскиот испит да се одржи на 27 мај

Министерството за образование и наука (МОН) инсистира државната матура да се одржи во предвидените рокови, а за секој нов предлог да се консултираат и учениците. Ова е апелот од одговорните во МОН, по денешната прес-конференција на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), на која штрајкувачите кажаа дека штрајкот продолжува и дека продолжуваат да биде стопиран, меѓудругото, и процесот за...

Поради штрајкот во ДИЦ, полагањето на државната матура доведено под знак прашање

Продолжува штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ), институцијата која е единствената одговорна за организација и реализација на државната матура. Ваквата одлука штрајкувачите ја донеле откако вчера имале неуспешни преговори во Владата со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и откако не постигнале договор за да добијат повисоки плати. Штрајкот трае веќе трета недела. „Вие медиумите, матурантите и дел...

Матурските тестови не се испечатени, нема да се стаса за полагањето на 27 мај

Се бараат нови датуми за полагање државна матура. Штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар, го одложува полагањето на првиот екстерен испит по мајчин јазик, кој согласно календарот за матура, треба да се случи на 27 мај. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во ДИЦ, неуспешно...

Без положена матура, нема упис ниту на македонски ниту на странски универзитет

Државната матура е услов за упис на универзитет и во земјава, но и на странски универзитети. Тоа што процесот е во застој и организацијата на испитот на зрелоста е стопирана, ги загрижува матурантите кои планираат своето високо обазование да го продолжат надвор од земјата каде што уписите главно се организираат во јуни. Доколку нема државна матура, матурантите нема да...

Прекинато тестирањето за ТИМСС поради штрајкот во Државниот испитен центар

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го прекина меѓународното истражување ТИМСС, во кое требаше да учествуваат вкупно 4.500 ученици од Македонија. Овој процес, во кој требаше да се види какви се знаењата на нашите ученици по предметот математика и по други предмети од областа на природните науки, е врзан со рокови и мора да се реализира до...

Вработени во Државниот испитен центар се закануваат дека ќе нема државна матура ако не им се покачат платите

Вработени во Државниот испитен центар, кои се членови на Синдикалната организација, денеска најавија стопирање на сите процеси кои ги работат, вклучително и подготовките за претстојната државна матура. Во изјава за медиумите пред просториите на ДИЦ, Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и советничка во Државен испитен центар, кажа дека се обратиле за решение на проблемот во Министерството за финансии,...

Последна епизода на „Шорткат“ за оваа сезона: Селекција на отпад во Скопје и Тетово

Од почетокот на годинава, граѓаните на Скопје и Тетово имаат можност да селектираат отпад во нови вендинг машини што се поставени низ маркетите во овие градови. Лименки и пластични шишиња може да се селектираат во машините на „Пакомак“, а за возврат граѓаните добиваат зелени поени кои можат да ги искористат за пазарување во маркетите. Како функционира овој систем и кои...

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН

На својата вонредна седница одржана вчеравечер, Генералното собрание на Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука (МОН) околу државната матура, соопштија денеска од Сојузот, информирајќи дека успешно е постигнат договор за ова прашање. Според договореното, државната матура ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти...

Средношколците и МОН постигнаа компромис околу државната матура

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за Министерството за образование и наука (МОН), соопшти денес претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имаа со министерот Јетон Шаќири. Павиќевиќ кажа дека не е прифатено единствено барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај за 3 јуни, а од...

Идејата на Марија Тодоровска за чистење на линданот во новата епизода на „Шорткат“

Во разговорот со младата научничка Марија Тодоровска за нејзината мотивација да почне да ги испитува микроорганизмите и нивната улога во природата, дознаваме повеќе за нејзината генијална идеја за чистење на опасниот линдан од ОХИС. Покрај ова како главна тема, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за кратењето на материјалот за државна матура, како и за Светскиот ден на лицата со...

Средношколците од ОДАС преку протест побараа кратење на материјалот за матура и се сретнаа со МОН

Кратење на материјалот за полагање на државна матура и увид во истиот, побараа од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) на протестот што денеска го организираа пред зградата на Министерството за образование и наука (МОН). По протестот на кој присуствуваа десетици средношколци и неколку студенти, претставници на организацијата влегоа на средба во Министерството, каде исто така ги...

Матура да се полага на 3 јуни наместо на 27 мај, бара Средношколскиот сојуз

Полагањето на првиот екстерен испит да се одржи на 3 јуни наместо на 27 мај, бараат претставниците на Сојузот на средношколци. Оттаму сметаат дека оваа промена треба да се однесува само на првиот екстерен испит, односно сите останати испити да си останат во веќе предвидените датуми. Денеска се одржала седница на Генералното собрание на Сојузот, на кое биле усвоени...

„Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди Аптека“

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките. Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали обемот на материјал за полагање...

ДИЦ: Комисиите што ги прават тестовите за матура ги имаат предвид случувањата со дојавите

Членовите на испитните комисии, кои ги прават прашањата односно испитниот материјал за екстерните предмети во рамки на државната матура, ги имаат предвид случувањата во училиштата во изминатиот период. Ова е одговорот што го добивме од Државниот испитен центар на прашањето, дали ќе се крати од материјалот за учење поради изгубената настава што ја предизвикаа лажните дојави за бомби, кои...

Надлежните поскоро да ни кажат што да учиме за матурата, бараат средношколците

Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) најави дека ќе организира предупредувачки протест в петок, во 12.30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН). Тие бараат од надлежните поскоро да решат и да кажат што треба матурантите да учат за претстојниот матурски испит, бидејќи времето за учење и подготовка се скусува. „Ќе побараме брзо изнаоѓање на...

Матурантите бараат кратење на материјалот за учење за матура или еден предмет помалку

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура или да се изостави еден интерен предмет, бараат средношколците кои се дел од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Ова бил заклучокот од дебатата организирана викендов на тема „Државна матура 2023: Што велат матурантите?“. Учениците бараат да се скрати материјалот заради дојавите за бомби кои предизвикаа...

Заради врнежите, водоводот во Тетово со намален притисок, а во Гостивар водата не е за пиење

Центарот за Управување со кризи информира дека во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата воопшто не е за пиење. Јавното комунално претпријатие „Шар“ од...