fbpx
Таг: Државна матура

таг: Државна матура

По тројца оценувачи го прегледуваат секој матурски тест

Вкупно 300 професори се ангажирани за прегледување матурски тестови. Како што за Мета информираат во Државниот испитен центар, по тројца професори ќе го прегледуваат секој тест, па на крајот ќе ги соберат бодовите и ќе формираат оценка. Оценувачите се распределени низ училишта, во кои ги прегледуваат тестовите кои уечниците ги полагаа по мајчин јазик. „На секои 10 професори-оценувачи, има по...

Подготвени но под стрес, матурантите денес полагаа мајчин јазик

Матурантите во државата денес полагаат мајчин јазик, задолжителниот предмет од државната матура, која пак, е услов за упис на факултет. Процесот утрово започна на време и без значителен број на отсуства на ученици. Директорите на училишта со кои поразговаравме, велат дека учениците дошле подготвени за испитот на зрелоста. „Малку се под стрес, но нашите ученици секогаш доаѓаат подготвени за државната...

Како ќе се полага државната матура погледнете во новата епизода на „Шорткат“

За државна матура, која е услов за упис на факултет, годинава се пријавиле безмалку 16.000 ученици. На испитите што претстојат нема да бидат опфатени материјалите што не им беа предадени на учениците поради штрајкот на наставниците. За тоа што ги очекува учениците во завршна година во новата епизода на „Шорткат“ зборува Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар. Во 38-то...

Лука Павиќевиќ: Академскиот тест ќе го олесни уписот на факултет

Наместо државна матура, учениците од средното стручно образование и оние од уметничките училишта, да полагаат влезен академски тест ако сакаат да го продолжат своето образование на факултет. Ова го предлага работна група составена од експерти, која веќе изготви нов концепт за државна матура, кој би се применувал најрано од 2025 година. Тестот е предвидено да биде замена за државната...

За да нема препишување, се предлага државна матура да се полага во спортски сали

Директорката на Државнито испитен центар, Елизабета Наумовска предлага екстерните испити од државната матура в година да се полагаат во спортски сали и во амфитеатри за да може максимално да се намали можноста за препишување. Таа за Мета вели дека на тој начин целиот процес ќе биде потранспарентен и пообјективен. „Речиси секое училиште има спортска сала. Во некои поголеми општини има...

И онлајн и на училиште, матурантите се подготвуваат за испитот на зрелоста

Учениците во завршна година во училиштата за средно образование, периодов се подготвуваат за полагање на екстерните испити кои се дел од државната матура. Впечатокот кој се добива од разговорот со неколкумина професори и директори на училишта, е дека штрајкот кој неодамна беше ставен во мирување, ретко каде оневозможил да се одржува подготвителна настава за испитот на зрелоста. Некои професори,...

Штрајкот нема да ја промени содржината во матурските тестови

Ќе оневозможи ли штрајкот, матурантите навреме да го полагаат испитот на зрелоста? Прашањето за државната матура се актуелизира како што се приближува крајот на учебната година. Испитите се веќе закажани, тестовите се испечатени, но бидејќи материјалот не им е предаден целосно на учениците, прашање е, како ќе им се проверува знаењето на теми кои не ги учеле. Директорката на Државниот...

Државната матура и оваа година ќе се полага на ист начин како лани

Учениците кои завршуваат средно образование во учебната 2021/2022 година ќе го полагаат државниот матурски испит исто како учениците од претходната генерација  кои минатата година се изборија за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Учениците ќе полагаат два екстерни и два интерни предмети и една проектна задача, а покрај непроменетите услови за полагање, годинава ќе има проширување...

Наумовска: Матурантите препишувале на државната матура

Делови од текстови или цели текстови препишувале матурантите посебно по предметот англиски јазик, а тоа го евидентирале оценувачите на тестовите, рече денеска  Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар. Додека се чекаат официјалните извештаи на оценувачите кои треба да напишат што сè регистрирале, Наумовска рече дека тие нотирале препишани текстови. Инаку вкупниот среден успех кој го постигнале матурантите оваа година...

Матурантите денеска на втор екстерен испит, најголем дел одбрале да полагаат странски јазик

матура ученици
Учениците од завршните години во средните училишта денес го полагаа вториот екстерен испит во рамки на државната матура. Тие имаа можност да изберат помеѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, најголем интерес меѓу матурантите има за полагање странски јазик, при што најголем дел се определиле за англискиот – 13.452. Германски ќе полагаат 140,...

Сè е подготвено за спроведување на државната матура, на 5 јуни ќе се одржи првото полагање

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите - два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации,...

Предметите од државната матура ќе се полагаат од 5 до 28 јуни

Државниот испитен центар ги објави датумите кога матурантите годинава ќе ги полагаат предметите од државната матура. Оваа учебна година за државната матура се имаат пријавено 15.294 матуранти. Од нив 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 се од средно стручно образование и 261 се од средно уметничко образование. Матурантите на 5 јуни ќе го полагаат задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература...

Царовска ги повика средните училишта да ги исполнат договорените активности за државната матура

Од Министерството за образование и наука (МОН) информираат дека средните училишта постапуваат согласно заедничкото решение на Владата и Сојузот на средношколци за спроведувањето на завршниот испит за државната матура. „Најголем дел од училиштата веќе ги објавиле интерните испити. Уште еднаш повикав да се исполнат сите договорени елементи од матурата, затоа што тоа е во интерес на нашите ученици“, вели министерката за образование и...

Матурантите што ќе бидат во изолација ќе полагаат матура во друг испитен рок на крајот на јуни

Учениците во завршна година од средното образование, кои поради болест нема да стасаат да полагаат државна матура на 5 и на 11 јуни, ќе можат тоа да го направат на крајот на јуни, а за точните датуми од Државниот испитен центар (ДИЦ) најавуваат дека ќе информираат дополнително. Елизабета Наумовска, директорката на ДИЦ, институција која го организира полагањето на испитот на...

Во една просторија државна матура ќе полагаат 15 ученици, пред влез во училиштата ќе се мери температура

Министерството за образование и наука (МОН) го објави протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура која ќе се одржи на 5 јуни. Со него е предвидено при влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете. Задолжително...

Државната матура ќе започне на 5 јуни, една недела подоцна од предвидениот термин на 29 мај

Да се полагаат два екстерни испити, третиот испит да се трансформира во интерен, а државната матура да се полага на 5 јуни, една недела подоцна од веќе претходно утврдениот термин на 29 мај. Ова е компромисното решение кое го соопшти премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со претставникот на Сојузот на средношколците, Бленди Ходаи. „Освен ова, предвидено е да...

Државниот матурски одбор го прифати предлог-моделот за државната матура

Државниот матурски одбор го прифати предлогот државната матура да се состои од четири испити, односно два екстерни и два интерни и проектна задача, информираше Министерството за образование и наука. Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог-концепција. „На денешниот онлајн состанок, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претставниците на одборот, меѓу кои и претставници од Бирото...

За МОН прифатлив е компромисот за државната матура

Прифатливо е компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Оттаму уверуваат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, пришто ниту еден од нив нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити. „Уште утре Матурскиот одбор...

Матурантите го прифатија предлогот на Владата на државната матура да се полагаат два екстерни и два интерни испити

Сојузот на средношколци го прифати решението за државната матура за кое разговараa на средбата со премиерот Зоран Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев, а кое подразбира да се полагаат два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно, соопштија денеска од Сојузот, откако претходно беше најавено дека викендов ќе ја донесат одлуката. Овој...

Матурантите викендов ќе одлучат која од понудените две опции за државна матура ќе ја прифатат

На државната матура, матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години или пак, да се полагаат четири предмети по скратени програми. Ова се опциите што ги понуди Собранискиот клуб за младински прашања и политики на денешната дебата за државната матура со претставници на Сојузот на средношколците. Сојузот викендов ќе одлучи...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...