Шорткат: Колку е подготвена државата за справување со климатските промени?

Новите вести за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот

Климатските промени со кои се соочува и нашата земја недоволно го привлекуваат вниманието на властите. За подготвеноста на државата на локално и национално ниво да се справи со климатските промени, зборуваме во новата епизода на „Шорткат“.

Ја носиме и веста за матурантите кои постигнаа најдобри резултати на државната матура годинава, а информираме и за отворениот повик за признанието „Успешни млади“.

Во вестите за млади зборуваме и за диџејската работилница „Жени зад пултот“, но и за новите најавени промени на социјалната мрежа „Х“, односно Твитер.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.