среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Преспанско езеро | 24 резултати

ИЈЗ: Фекалиите се дробат, но не се филтрираат при испуст во делови од Охридското езеро

јули 8, 2024

Отпадните води во автокамповите „Љубаништа” и „Ливадишта“, хотелoт „Св. Наум“, ресторанот „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум“, се директни загадувачи на Охридското езеро. Тие се приклучени на канализациониот систем, но истиот не функционира. Ова е наведено во последниот извештај за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење од природните езера и […]

Ноќеска биле регистрирани неколку земјотреси во Преспанскиот регион

јануари 12, 2024

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје ноќеска регистрирала серија земјотреси во Преспанскиот регион, од кои три исто така биле почувствувани од населението. Првиот земјотрес од оваа серија е регистриран во 00:32 часот. Имал епицентар на 120 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка […]

Утре ЕУ организира чистење на плажата Сливница на Преспанското Езеро

септември 16, 2023

Во недела, 17 септември 2023 година, во 12.00ч. на Преспанското Езеро, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски ќе ја започнат првата #EUBeachCleanup акција организирана во Северна Македонија. Акцијата за чистење е годишна глобална иницијатива и оваа година ќе се организира на плажата Сливница преку мрежата на млади […]

ИЈЗ: Канализацијата не работи, во Охридското езеро пливаат и фекалии

јули 17, 2023

Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира. Во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред […]

„Шорткат“ во тетовската библиотека каде се собираат капачиња од шишиња

јуни 22, 2023

Покрај тоа што им овозможува на студентите да учат, библиотеката „Макс ван дер Штул“ во Тетово служи и како еколошки пункт каде што тие можат да бидат одговорни граѓани. Во оваа библиотека се собираат пластични капачиња од шишиња кои потоа се рециклираат, а собраните средства, пак, се наменети за хуманитарни цели. Повеќе за ова ви […]

Нивото на Преспанското Езеро непрекинато опаѓа, бавно се спроведуваат мерките за заштита

јуни 18, 2023

Водите на Преспанското Езеро не престануваат да се повлекуваат, а штетните последици од губењето на езерските води засега недоволно ги алармираат одговорните власти за преземање конкретни чекори кои ќе водат кон заштита на второто по големина природно езеро во земјава. Кога Мета.мк во август лани пишуваше на оваа тема, водостојот на Преспанското Езеро кај мерната […]

Климатските промени погубни за влажните живеалишта во Преспа

февруари 2, 2023

Долготрајните суши, намалените врнежи, видното намалување на водостојот, особено кај Големото Преспанско Езеро, се само дел во низата последици од климатската криза која во преспанскиот слив зема сè поголем замав. На 2 Февруари, Светскиот ден на влажни живеалишта, од Македонското еколошко друштво (МЕД) апелираат дека влажните живеалишта во Преспа треба да се приоритет за заштита […]

Изумирањето на Преспанското езеро во фокус на новата епизода на „Шорткат“

септември 8, 2022

Повлекувањето на водата и намалувањето на нивото на Преспанското Езеро се главната тема во новата, 51 епизода на емисијата „Шорткат“. Нашата екипа беше во Преспа и информира за овој долгогодишен проблем со кој се соочува едно од трите природни езера во земјава. Во новите вести за млади ја носиме и информацијата за зголеменото испуштање на […]

Преспанското Езеро изумира без своите води, мерките за негова заштита ќе се спроведуваат шест години

август 10, 2022

Широките песочни плажи на Преспанското Езеро се идеални за туристите во летните месеци, сè до оној момент кога посетителите ќе сакаат сончањето да го заменат со капење во езерските води. Тиња, алги, матни и плитки води се секојдневието на секој посетител на Преспанското Езеро, а негативната состојба со повлечените води го вклучува и алармот за […]

Контрола на водите, едукација на земјоделците и развој на одржлив туризам, меѓу приоритетите за спас на Преспанско Езеро

јули 27, 2022

С. Македонија Албанија и Грција договорија да развиваат заеднички алтернативен и одржлив туризам во Преспа, да работат на заштита на водите, на биодиверзитетот и едукација на земјоделците за ориентирање кон еколошко производство, со цел зачувување на Преспанското езеро. Трите земји седнаа на маса, прв пат по 12 години, откако нивните министри за животна средина во […]

С. Македонија, Грција и Албанија заеднички ќе се грижат за Преспанско езеро

јуни 23, 2022

С. Македонија, Грција и Албанија конечно ја започнуваат заедничката грижа за Преспанското езеро и ќе работат на унапредување на целиот регион. Денеска се одржува иницијалниот состанок на комитетот на управувачкото тело на Преспа парк и на работната група за управување со водите во информативниот центар Пили во Грција крај брегот на малото Преспанско Езеро. Како […]

Вистиномер: Не е вистина дека со Преспанскиот договор јазикот е сменет во „северно-македонски“

мај 31, 2022

Во Договорот меѓу С. Македонија и Грција, потпишан во 2018 година, не постои одредба со која се загрозува македонскиот идентитет, македонската посебност и јазик. Официјалниот јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој може да се преведе на сите јазици, без никаква фуснота за дообјаснување. Во самиот Договор, во членот 1 стои дека „официјалниот јазик […]

МЕД го промовираше видеото посветено на уникатните острови во Преспанско езеро

април 11, 2022

Македонското еколошко друштво (МЕД) го промовираше видеото „Голем Град – последното скривалиште на природата“, во кое се содржани долгогодишните еколошки истражувања на преспанскиот остров Голем Град. Се работи за истражувања кои во изминатите 15 години ги направил меѓународен тим на херпетолози на популациите на шумската желка, поскокот и рибарката. „Голем Град – последното скривалиште на […]

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

март 24, 2022

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е почувствуван од […]

„Чиста Преспа, Моја Преспа“ донесе месец полн со активизам за заштита на животната средина

јули 7, 2021

Пред точно еден месец, на плажата Претор на 5 јуни започна кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, чија главна цел беше да се исчистат депонии кои беа мапирани од страна на локалната заедница и невладиниот сектор, да се уредат плажите, а во исто време да се подигне свеста кај населението и туристите за еколошките предизвици на […]

Македонија, Албанија и Грција заеднички ќе бараат решение за нискиот водостој на Преспанското езеро

јуни 29, 2021

Нивото на водата на Преспанското езеро денеска изнесува 842,55 метри и е за над 5 метри под нултата кута кај мерното место Наколец, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа што врнежите во изминатиов период надоместија дел од изгубеното количество, водостојот на ова езеро останува голем проблем. Водостојот на Преспанското езеро […]

Националниот парк Галичица и МЕД учествуваа на зимскиот цензус на водни птици

јануари 19, 2021

Нациналниот парк Галичица и оваа година учествуваше на Зимскиот цензус на водни птици, во соработка со Македонското Еколошко Друштво. Активностите на терен во 2021 година започнаа со синхронизирана прекугранична соработка за зимскиот цензус на птици. Од НП Галичица информираат дека во Грција, колегите од SPP работеа заедно со Управувачкото тело на Националниот Парк Преспа и […]

Владата обезбеди 80 милиони денари за ревитализација на Преспанското Езеро

декември 20, 2020

Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на Преспанското Езеро каде што водата е повлечена, особено во делот кај некои од плажите, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната посета на преспанскиот регион и обиколка околу Преспанското […]

Пет розови фламинга одмораат во Преспа

август 15, 2020

Пет розови фламинга, едно возрасно и четири млади, одмораат во Преспанското Езеро. Ова не е првпат фламинга да ја посетат Преспа, со оглед на тоа дека иако тие не се гнездат во Македонија, територијата ја користат повеќе пати за прелет. Денеска се забележани во Езерани, каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за […]

Меѓународен ден на животната средина: Акција „За природата“ и заштита на биодиверзитетот

јуни 5, 2020

Климатските промени кои со галопирачко темпо ја уништуваат планетата Земја, но и човековите активности, кои повеќе ги поттикнуваат отколку што ги забавуваат, се главните причини за еколошката катастофа која му се случува на Преспанското езеро. Повлекувањето на водата и загрозувањето на опстанокот на живиот свет во езерото, се само еден од проблемите со кои се […]

Страна 1 од 1