Изумирањето на Преспанското езеро во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Повлекувањето на водата и намалувањето на нивото на Преспанското Езеро се главната тема во новата, 51 епизода на емисијата „Шорткат“. Нашата екипа беше во Преспа и информира за овој долгогодишен проблем со кој се соочува едно од трите природни езера во земјава.

Во новите вести за млади ја носиме и информацијата за зголеменото испуштање на стакленички гасови во земјава, како и за протестите во Тетово и Скопје против насилството врз жените и девојчињата, поттикнати од силувањето на 11-годишното девојче во Косово.

Потсетуваме дека учениците веќе можат да ги продолжат своите стипендии, а ќе известиме и за учеството на македонските тимови на Светскиот куп на ученици-научници.

Во рубриката гејминг ја најавуваме новата игра на тема „Дина“.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот на нашите канали на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, а кратките вести можете да ги погледнете и на ТикТок.