Националниот парк Галичица и МЕД учествуваа на зимскиот цензус на водни птици

Нациналниот парк Галичица и оваа година учествуваше на Зимскиот цензус на водни птици, во соработка со Македонското Еколошко Друштво. Активностите на терен во 2021 година започнаа со синхронизирана прекугранична соработка за зимскиот цензус на птици.

Од НП Галичица информираат дека во Грција, колегите од SPP работеа заедно со Управувачкото тело на Националниот Парк Преспа и HOS, во Албанија Земјоделскиот факултет во Тирана, додека преставници од националните и регионални тела за заштитени подрачја, им се приклучија на PPNEA.

Во С.Македонија, МЕД заедно со соработниците од Националниот парк Галичица и Паркот на природа Езерани го спроведоа цензусот на Преспанско и Охридско езеро.