fbpx

Бајден: САД нема да доставуваат оружје во Израел aко градот Рафах е нападнат

Американските власти јасно посочија и дека паузата нема да биде еднократна доколку продолжи офанзивата во Рафах. Останати испораки на оружје кои се веќе одобрени би можеле да бидат одложени, а пратките кои чекаат одобрување, исто така, може да се соочат со пречки

-

Џо Бајден испрати предупредување до Израел дека неговата администрација ќе престане да испорачува бомби и артилериски гранати ако израелската војска продолжи со офанзива врз градот Рафах, пишува Гардијан. 

Американскиот претседател го испорача предупредувањето во телевизиско интервју во кое ги отфрли израелските и републиканските поплаки и јасно стави до знаење дека неговата администрација нема да обезбеди оружје за офанзива на Рафах, за која САД, ОН и другите хуманитарни агенции предупредуваат дека ќе предизвика катастрофа.

Гилад Ердан, амбасадор на Израел во ОН, не верува дека САД ќе престане да  доставува оружје на Израел, но изјави дека одлуката на Бајден е многу разочарувачка.

„Џо Бајден не може да каже дека е наш партнер во целта да се уништи Хамас, а од друга страна да ги одложи средствата наменети за уништување на Хамас“, изјави Ердан за израелски медиуми.

Бајден истакна дека САД ќе продолжат да снабдуваат муниција за главниот израелски систем за противвоздушна одбрана, но тој рече дека Вашингтон нема да снабдува офанзивно оружје што ќе се користи во офанзива.

„Нема да испорачаме оружје и артилериски гранати“, изјави тој.

Американските власти јасно посочија и дека паузата нема да биде еднократна доколку продолжи офанзивата во Рафа. Останати испораки на оружје кои се веќе одобрени би можеле да бидат одложени, а пратките кои чекаат одобрување, исто така, може да се соочат со пречки.

Израелските трупи во вторникот ја презедоа контролата врз палестинската страна на преминот Рафах меѓу Газа и Египет. Израелските власти рекоа дека тоа е првиот чекор кон целосен напад врз градот Рафах, потег Бајден кој се обидува да го спречи.

Градоначалникот на Рафа, Ахмед ал Софи, предупреди дека јужниот град е на работ на хуманитарна катастрофа од невидени размери во апел до меѓународната заедница во средата.

„Улиците одекнуваат со извици за изгубени невини животи, распаднати семејства и домови претворени во урнатини“, рече тој.

Потег на САД доаѓа во време на зголемен меѓународен притисок врз Израел да се повлече од целосниот напад на граничниот премин Рафах со Египет, и критиките за израелската употреба на голема воздушна муниција во области преполни со цивили.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...