fbpx

Честитки за победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори од Гир, Вархеји, Пленковиќ и Лосон

Почитуван амбасадор Гир, со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка за македонската европска интеграција, нашиот клучен национален стратешки проект, напиша Силјановска-Давкова во одговорот на честитката од Гир

-

Честитки за победата на претседателските избори доби денеска Гордана Сиљановска-Давкова. Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честиташе победата.

„Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.

На оваа честиткa одговори Сиљановска-Давкова.

„Почитуван амбасадор Гир, со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка за македонската европска интеграција, нашиот клучен национален стратешки проект“, напиша таа во објавата.

Сиљановска доби честитка и од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

„Честитки за новиот претседател на Северна Македонија! Со нетрпение очекуваме да работиме со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги забрза потребните реформи за да се придвижи напред во процесот на пристапни преговори“, напиша тој.

Победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на претседателката Сиљановска-Давкова, им ја честиташе и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Честитки до Христијан Мицковски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова“, напиша Пленковиќ на „Икс“.

Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон исто така изрази честитки.

„Продолжуваме да ги зацврстуваме односите меѓу Британија и Македонија, да ги зближуваме нашите култури и народи и да работиме заедно како блиски сојузници и партнери во НАТО“, напиша Лосон.

Вчера честитки до Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска-Давкова за „нивната заслужена и историска победа на претседателските и парламентарни избори во Северна Македонија“ прв упати унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа X.

„Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!“, напиша тој.

На вчерашните претседателски избори Сиљановска-Давкова извојува победа со водство од над 308 илјади гласови пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски. Давкова освои 560.170 гласови, додека Пендаровски 251.541 гласови.

Што се однесува до парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратенички мандати, СДСМ 18, Европски фронт предводен од ДУИ 19 мандати, Коалиција ВЛЕН 13 мандати, а по шест мандати имаат Левица и Движењето ЗНАМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...