fbpx

Пет илјади евра казна за фирмата и 2.100 евра за одговорниот што продаваа чаеви со ликот на д-р Пановски

Фирмата увозник и дистрибутер „МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје“ е казнета со 5.000 евра, а одговорното лице Дејан Јовановски со 2.100 евра, информираше Пановски

-

„Ширачите на лажни вести за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се осудени на правосилна пресуда“, објави денеска на својата страница на Фејсбук микробиологот д-р Никола Пановски.

Тој вели дека пресудата за злоупотреба на личните податоци заради промоција на чаевите „Паразол“ и „Хипертеа“ била донесена по една и пол година.

Фирмата увозник и дистрибутер „МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје“ е казнета со 5.000 евра, а одговорното лице Дејан Јовановски со 2.100 евра, информираше Пановски.

Покрај него, пресудата била донесена поради злоупотреба на личните податоци и на професорите и доктори Вело Марковски и Маја Мојсова.

„Правдата е делумно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци“, се вели во Фејсбук објавата на д-р Пановски.

Тој вели дека продолжува со граѓанската постапка да бара оштета од 15.000 евра за злоупотребата и душевната болка.

На социјалните мрежи често се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Меѓу останатите, мета беше и Пановски кој очигледно немаше никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на Фејсбук дека неговото име се злоупотребува за лажно рекламирање и апелираше до граѓаните да бидат внимателни.

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...