fbpx

Секој граѓанин во Газа е гладен, од очај се јаде трева

Истовремено, израелските демонстранти протестираат на границата меѓу Израел и Египет, со цел спречување хуманитарна помош да стигне во Газа

-

Хуманитарната организација „Екшн ејд Палестина“ предупредува дека нивото на глад во Газа е загрижувачки високо, велејќи дека секој човек во Газа е гладен. Дополнително, Палестинците во појасот имаат пристап до само 1,5 до 2 литра нечиста вода дневно, пренесува Гардијан.

„Луѓето сега се толку очајни и гладни што јадат трева. Истовремено, инфекциите и болестите неконтролирано се шират. Единственото нешто што ќе ја спречи оваа ситуација да излезе уште повеќе вон контрола е итно и трајно примирје. Тоа е единствениот начин да се запре губењето на уште животи и да се дозволи доволно хуманитарна помош да влезе во појасот“, велат од „Екшн ејд Палестина“.

Повеќето граѓани, односно 1,4 милиони жители, се раселени и се сместени во градот Рафах, кој беше назначен како безбедно место од израелските сили. Инаку, во градот Рафах вообичаено има население од околу 150.000 жители.

Истовремено, Израел најави дека планираат наскоро да ја прошират својата офанзива во Рафах. Од „Екшн ејд Палестина“ велат дека ова би било „катастрофа“ и дека веќе нема да има каде да оди изгладнетото и исцрпеното населние на Газа.

УНИЦЕФ исто така апелираше да не се прошири офанзивата во Рафах, предупредувајќи дека ако се уништат последните болници, пазари, засолништа и водоводни системи ќе има уште повеќе смртни случаи. Дополнително, Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци изјави дека штетата врз 600.000 деца во Газа, кои веќе со месеци не одат на училиште, е немерлива.

Портпаролот за национална безбедност на САД, Џон Кирби изјави оти САД не би го поддржале нападот во Рафах. Ентони Блинкен го предупредил Израел за истото за време на својата петта посета на Блискиот Исток од почетокот на конфликтот во Газа.

Американскиот претседател Џо Бајден досега најостро ја критикуваше офанзивата на Израел, нарекувајќи ја „претерана“.

„Има многу невини луѓе кои гладуваат, многу невини луѓе кои се во неволја и умираат“, изјави Бајден, кој го нагласи својот удел во преговорите со египетскиот претседател и со израелскиот премиер за дозволување на внесување на хуманитарна помош во Газа.

Истовремено, пак, израелски демонстранти протестираат на граничниот премин меѓу Египет и Израел за да блокираат хуманитарна помош да стигне во Газа. Демонстрантите тврдат дека истата само би стигнала до Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...