петок, 12 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: реклама | 19 резултати

Доктор Никола Пановски не рекламира лек за проширени вени

20 септември 2023

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат […]

И Калиопи се најде во лажна реклама за чудотворен лек

17 септември 2023

Ова е уште една во низата лажни реклами на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги мамат граѓаните, наведувајќи ги да купуваат лажен производ. На официјалната веб-страница на ТВ 24 не може да се најде интервју со Калиопи во кое таа зборува за капките У-капс кои се рекламираат во објавата. Фотографиите употребени во лажниот […]

ИЗМАМА: Фотомонтажа со доктор Нико Беќаровски го претставува уапсен

9 септември 2023

Сето тоа се прави во една кампања за промоција на препарат кој наводно треба да ги таргетира кардиоваскуларните болести, а за кој во маркетинг кампањата го злоупотребуваат Беќаровски, на начин што го става во конфликт со традиционалната медицина, фармацевтската индустрија и властите, за да лажно се претстави дека „тие сакаат да го скријат препаратот од […]

Со злоупотребени фотографии и измислени лекари се рекламира чај што „лекува“ седум болести

18 јуни 2023

На фотографијата којашто се споделува во постот, е познатиот кардиохирург, научник, претседател на  Бакулев медицински истражувачки центар за кардиоваскуларна хирургија во Москва, Лео Антонович Бокерија. Неговата фотографија е злоупотребена при што тој е претставен како извесен Леонард Сараци. Во текстот, пак, споделен во постот, има слика од друг лекар претставен како Ристо Новаковски, за кој […]

Измама: Д-р Кедев и д-р Таточенко, злоупотребени за продажба на нерегистриран лек за хипертензија

16 јуни 2023

Фотографиите на професор д-р Сашко Кедев и на познат руски педијатар се злоупотребени во измамничка реклама за наводен лек за хипертензија и ризик од кардиоваскуларни заболувања. Лекот не е лек затоа што го нема во регистерот на лекови во С. Македонија, ниту пак може да се купи во аптеките низ земјава, туку само онлајн за […]

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

10 декември 2022

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на […]

Вистиномер: Не е точно дека на Фејсбук е објавена реклама со која се поддржува педофилијата

27 јули 2022

Не е вистина дека ТЕД поддржува педофилија, а не е вистина ниту тврдењето дека на социјалната мрежа Фејсбук имало реклама со промовирање на педофилија. Исто така, не е точно дека Фејсбук одбил да ја отстрани таквата реклама, откако наводно таа била пријавена од страна на корисниците. Напротив, таква реклама воопшто немало, па не можела ни […]

2020 – Љубовна приказна (Видео)

7 декември 2020

Во ноември годинава беше објавено дека оригиналните мастери на Тејлор Свифт се продадени за 300 милиони долари од страна на Скутер Браун, и покрај долгогодишниот спор меѓу пејачката и менаџерот. По оваа вест Тејлор објави дека работи на преснимување на целата незина дискографија, со цел таа самата да ја поседува својата музика. Пејачката објави на […]

Германија преку видео кампања ги повика младите да бидат хероите во 2020 година

16 ноември 2020

Германската влада спроведе рекламна кампања повикувајќи ги младите да бидат „херои“ за време на ковид-19 пандемијата, така што ќе останат дома на своите софи. Во едно и пол минутно видео, прикажан е старец кој се присетува на зимата 2020 година, кога сите очи во државата биле вперени кон младите. „Имав 22 години и студирав инженерство […]

Искршен месниот штаб на СДСМ во Бутел

27 септември 2017

Синоќа во населбата Расадник, во општина Бутел, бил искршен месниот штаб на СДСМ Бутел, информираат од партијата. „Непознати сторители ги искршиле прозорците и влезната врата на штабот, ги искинале постерите и ја оштетиле светлечката реклама. Утрово повикана е полиција и во моментов се прави увид од местото на настанот“, се додава во соопштението на СДСМ.

Амбасадорот Пломп твитна слика на билборд од Хаг со реклама за одмор во Охрид

3 февруари 2017

Холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп, на својот твитер-профил сподели слика од реклама за туризам во Македонија на билборд во Холандија. „Заебележано во Холандија (сликано од возот Хаг – Лајден) дестинација за одмор #Македонија #Охрид“, напиша Пломп на „Твитер“. На рекламата е претставен Охрид и се вели дека холандските туристи можат да добијат осум дена одмор […]

Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо во најскапата реклама за казино

28 октомври 2015

Холивудските легенди Мартин Скорсезе, Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо во вторникот вечерта беа најславните личности што присуствуваа на отворање на казино во Макао, каде што презентираа 15-минутен краток филм што медиумите го нарекоа најскапата реклама во историјата, пренесе „Денар.мк“. Во филмот „Аудиција“, што го режираше Скорсезе, Де Ниро и Ди Каприо се натпреваруваат […]

„Галакси ноут 4“ доби новогодишна реклама

22 декември 2014

„Самсунг“ креираше новогодишна реклама за својот нов телефон „галакси ноут 4“, во која главниот лик се обидува да стигне дома за празниците, а телефонот со опциите што ги нуди му помага да го оствари тоа. https://www.youtube.com/watch?v=QmtithY_TeM

Што сè може да понуди „iPad Air 2“

9 декември 2014

„Епл“ објави реклама за „iPad Air 2“, која се фокусира на сите различни начини на кои луѓето можат да го користат ајпадот. Тема на рекламата е „промена“ (Change is in the Air). Исто така, видеозаписот ја формира идејата дека благодарение на својот екосистем, „iPad Air 2“ може да понуди и нешто во кој било сегмент. […]

„Сони“ со сексистичка реклама за новиот „плејстејшн“

25 ноември 2014

Јапонската компанија „Сони“ сними „жешка“ реклама за својата играчка конзола „плејстејшн“, во која сексапилна докторка создава алузија на мастурбација. Порталот „Врџ“ ја оцени рекламата како „срамна за сите, па дури и за мажите и тинејџерската популација на која, очигледно, ѝ се обраќа“. Иако „Сони“ набргу ја повлече рекламата на ограничен, приватен мод, благодарение на тоа што […]

Страна 1 од 1