Доктор Никола Пановски не рекламира лек за проширени вени

Се работи за интернет „скам“, бидејќи доколку се кликне на иконата „Дознај повеќе“ некогаш се отвора линкот на кој се продава крем за лекување на вени, некогаш воопшто не се отвора

-

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори, кои се жалат дека случајно откриваат оти нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук (во меѓувреме избришана) во која е злоупотребена фотографија на познатиот епидемиолог д-р Никола Паноски за реклама на лажен лек за варикозни вени.

Во објвата стои:

Д-р Никола Паноски: Варикозната експанзија на вените кај жените е опасна патологија, но денес лесно може да се лекува дома!

Се работи за лажна реклама во која е искористена фотографија на епидемиологот Пановски, а со неа е споделена и измислена изјава.

Доктор Пановски често е злоупотребуван во лажни реклами, за што и претходно сме правеле рецензии.

Тој на својот официјален профил повеќепати информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови.

Почитувани, само да ве потсетам на тоа што го објавив пред 8 месеци. Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име, мојата слика покрај некој производ, се е тоа злоупотреба, ако има интервју, тоа е изнислено. Не купувајте го тоа ѓубре. Не ги богатете криминалците. Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува. Купувајќи таков производ, бидете свесни дека дел од вашите пари одат и за подмитување на оние кои веќе ги плаќаме преку Буџетот да не заштитуваат, како награда што не не заштитуваат, напиша д-р Пановски на својот Фејсбук профил.

Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори, кои се жалат дека случајно откриваат оти нивното име и фотографија се користи за промоција и продажба на одредени производи без нивна согласност или знаење. Оваа злоупотреба на нивниот професионален интегритет има сериозни негативни последици, како за нивната репутација како медицински професионалци, така и за пациентите кои може да станат жртви на оваа измама.

Лекарската комора на Република Северна Македонија, како професионално здружение на сите доктори по медицина, јавно бара од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да постапуваат и да ја спречат злоупотребата на професионалниот интергитет и авторитет на лекарите во функција на лажно рекламирање на непроверени форми на медицински препарати, лекови, додатоци во исхрана, методи или помошни средства за лекување, што се сè поприсутни на интернет порталите и на социјалните мрежи, стои во соопштението на Лекарската комора.

Страницата којашто спонзорирано го рекламира лекот е сомнителна, има 1.200 следбеници, нема никакви информации, ниту фирма, ниту адреса, ниту телефонски контакт, ниту какви било дополнителни информации за лекот кој го рекламира.

Се работи за интернет „скам“, бидејќи доколку се кликне на иконата „Дознај повеќе“ некогаш се отвора линкот на кој се продава крем за лекување на вени, некогаш воопшто не се отвора.

Постот со лажната реклама, до моментот на нашата рецензија има над 300 допаѓања, 30 -на коментари и 22 споделувања.

За крај да напонеме дека варикозни или проширени вени се сериозен проблем и бараат соодветен медицински третман.

Постојат повеќе интервентни начини (склеротерапија, ласер терапија, венска аблација итн.) за санирање на проблемот со проширени вени, но во продолжение ќе се фокусираме на превенцијата и на начините со кои самите можете да си помогнете при проширени вени. Промените во животниот стил се дел и од конвенционалната медицинска терапија (исхрана и физичка активност) за варикозни вени, пишува на официјалната страница на д-р Митов.

Лажните реклами за лекови во кои се злоупотребуваат фотографии од еминентни лекари од земјава и странство, измислени изјави и интервјуа на социјалните мрежи станаа секојдневие. Затоа граѓаните треба да бидат исклучително внимателни да не купуваат непроверени лекови без консултација на лекар.

Поради сите горенаведените факти оваа објава го оценуваме како невистинита.

Премиерот Мицкоски најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти

Ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашната отворена програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на...