fbpx
Таг: лажен лек

таг: лажен лек

Д-р Жан Митрев не измислил лек за подобрување на видот

Не е вистина дека посочениот „лек“ О капс го измислил д-р Жан Митрев, ниту го препорачува, ниту има докази дека го подобрува видот, како што се тврди во објавата. Таа злоупотребува име на широко познат во јавноста медицински професионалец, доктор, со цел да ги измами граѓаните да купат лажен лек, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Доктор Никола Пановски не рекламира лек за проширени вени

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори, кои...

И Калиопи се најде во лажна реклама за чудотворен лек

Ова е уште една во низата лажни реклами на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги мамат граѓаните, наведувајќи ги да купуваат лажен производ. На официјалната веб-страница на ТВ 24 не може да се најде интервју со Калиопи во кое таа зборува за капките У-капс кои се рекламираат во објавата. Фотографиите употребени во лажниот напис се од интервју...

Не е точно дека топлата вода лекува повеќе од 20 болести

Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран,  не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме. Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени, вели за Вистиномер доктор Лидија Чолакова -...

Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени...

Нема докази дека фенбендазол лекува рак кај луѓето

Фенбендазол, лек за паразити кај кучињата, не е клинички тестиран кај луѓето. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) го забрануваат фенбендазол за употреба кај луѓето. Тврдењата дека фенбендазол може да излечи рак се непоткрепени и може да ги доведат во опасност болните од канцер, доколку поверуваат и на своја рака го применуваат овој...

Венко Филипче злоупотребен за промоција на суплемент преку фабрикувано интервју

Текстот што се пласира на Фејсбук е лажно интервју на извесен новинар Кристи Лиивовгејт со ексминистерот за здравство Венко Филипче. Во текстот, Филипче наводно промовира производ, Cardione, кој корисниците на социјалните мрежи се наведуваат да го купат, бидејќи наводно ќе им ги прочистел крвните садови. Филипче за Вистиномер демантираше дека воопшто дал такво интервју и дека промовирал производ кој...

Рекламата за наводен лек кој го враќа видот е лажна

Не е вистина дека е пронајден чудотворен лек кој го враќа видот, како што се тврди во постот,  таков лек именуван како „О капс“ не е регистриран во С. Македонија. Приказната за некаков иноватор на овој лек, македонски студент Емил Поповски е измислена. Станува збор за лажна реклама која има за цел да ги измами граѓаните и да собере...

Вистиномер: Повторно се препорачува „лекување“ од ковид-19 со солена вода, лук, ѓумбир и топла пилешка супа

Објави во медиумите и на социјалните мрежи шират дезинформации дека коронавирусот може да се победи само со употреба на солена вода, самоизолација во посебна соба, темелно чистење на домот со 75 отстотен алкохол и перење на облеката со вода над 60 степени, како и употреба на лук, ѓумбир, кромид, топла пилешка супа… Ваквите препораки може да го загрозат здравјето...

Вистиномер: Не, ракот не исчезнува со четири лажици ореви, мед и лимони дневно!

Објава на социјалната мрежа Фејсбук дезинформира дека мешавина од: мед, лимони, лук, пченица и ореви, е чудотворен лек за рак. Врз основа на медицински мислења на двајца доктори, директорот на Клиниката за онкологија и уште еден лекар од истата клиника, оценуваме дека не е вистина оти храната е лек против ракот, иако секој човек треба да се храни здраво...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...