fbpx

Рекламата за наводен лек кој го враќа видот е лажна

-

Не е вистина дека е пронајден чудотворен лек кој го враќа видот, како што се тврди во постот,  таков лек именуван како „О капс“ не е регистриран во С. Македонија. Приказната за некаков иноватор на овој лек, македонски студент Емил Поповски е измислена. Станува збор за лажна реклама која има за цел да ги измами граѓаните и да собере пари од нив. Со пребарување на Гугл фотографијата објавена во рекламниот текст може да се најде на  веб-страницата на Рускиот државен аграрен универзитет, а му припаѓа на Максим Измесиев, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук рекламира сомнителен производ за очи тврдејќи дека „во Македонија е откриен иновативен метод за враќање на видот на која било возраст беа операција“.

Постот нуди линк на кој можете да најдете интервју со наводно македонски студент кој ја добил највисоката медицинска диплома награда во земјава за откривање начини за враќање на видот на која било возраст.

Македонски студент ја добил највисоката медицинска диплома награда во земјава за откривање начини за враќање на видот на која било возраст!, се вели во насловот на објавата. 

Производот кој се рекламира и кој наводно го враќа видот се капки за очи „о капс“.

Нашата проверка покажа дека ништо од ова не е вистина и дека станува збор за уште една во низата лажни реклами на социјалните мрежи кои имаат за цел да ги мамат граѓаните наведувајќи да купуваат лажен производ.

Но, да одиме по ред. Прво, капките за очи кои се рекламираат „ол капс“, и кои според тврдењето во рекламата, го враќаат видот на која било возраст, не постојат во македонскиот регистар на лекови.

Доколку капките ги побарате на Гугл, ќе видите дека тие не можат да се најдат во ниту една аптека, туку се нудат само на некои сомнителни веб-страници.

Што се однесува до линкот содржан во постот, на него е обајвено големо интервју со наводно македонски студент кој живее и студира во Германија, по име Емил Поповски, кој ја открил фамозната формула за чудотворниот лек.

Принтскрин од објавата

На Европскиот конгрес за офталмологија, кој се одржа во jesen 2021, се случи нешто неверојатно. Сите гледачите му аплаудираа на тој што беше на трибините 10 минути. Таа личност бил македонскиот ученик Емил Поповски, кој живеел и студирал во Германија. Тој предложи да се користи едноставна формула која овозможува лекување на очни болести на која било возраст и спречување на целосно слепило, пишува на самиот почеток на интервјуто.

Понатаму, во него се тврди дека „научните структури во Македонија беа окупирана за нејзина реализација. Специјалисти од Истражувачкиот Институт за очни болести во Скопје – и многу други експерти беа вклучени во развојот на подготовката. Подготовката е веќе таму создадена и покажува одлични резултати“. Ако научните структури навистина биле заинтересирани за „магичната формула“ која ја пронашол македонскиот студент од Германија, тоа ќе беше топ тема во македонските медиуми. Но, таква вест, поврзана со името Емил Поповски не може да се најде никаде.

Доколку фотографијата од Емил Поповски ја побарате на Гугл, ќе ја најдете на руски веб-сајт, односно на веб-страница на Рускиот државен аграрен универзитет.

На 17 март се одржа пленарната сесија на 75. Серуска студентска научна и практична конференција посветена на 150-годишнината од раѓањето на Е.А. Богда – нова со учество на наш ученик. На пленарната сесија нашата рубрика „Дигитални и роботски технологии во сточарството“ ја претставуваше Максим Измесиев, пишува во објава на веб-страницата на универзитетот на којашто се прикажани и три фотографии  (оваа од рекламниот материјал и уште две други) со Максим Измесиев,  односно „македонскиот студент Емил Поповски“ 

Понатаму, подолу во интервјуто се посочува следното:

Од странство, развојот на лекот беше координиран од Недим Спахиќ. генералниот директор македонскиот институт за истражување на очите болести, Спасовски и главниот хонорарен офталмолог на Министерството за здравство Треба да. Го замоливме да зборува за новата подготовка и плановите за неа попрво.

Од овој пасус ништо не се разбира, но видливо е дека продолжува разговорот со друга личност. Нејасно е дали тоа е координаторот Недим Спахиќ, наводно директор на македонскиот иснститут за истражување на очите или пак, Спасовски, „главниот офталмолог на Министерството за здравство“.

Кој и да е, такви имиња и такви позиции во Министерството за здравство не постојат, ниту пак, има институција „македонскиот институт за истражување на очите болести“.

Во интервјуто има фотографија од човекот со кој продолжува интервјуто.

Фото: Принтскрин од објавата

Доколку ја побарате оваа фотографија на Гугл, ќе ве одведе до веб-страница на некоја очна болница во Русија, City Eye Hospital.

Во делот каде с еприкажани директорите на Националниот истражувачки центар за очни болести, има фотографија од човекот погоре кој е именуван како В.В. Нероев, академик од Руската академија наа науки.

Интересно е што истото интервју само со други имиња и со друга фотографија од некој студент, овојпат украински, може да се најде на една сомнителна руска веб-страница.

Тука исто се рекламира чудотворниот лек кој го враќа  видот, но овјпат тоа е лекот „Соколин“.

Од сето ова можеме да заклучиме дека не е вистина дека е пронајден чудотворен лек  кој го враќа видот, како што се тврди во постот, и дека таков лек именуван како „О капс“ не е регистриран во Македонија. Приказната за некаков иноватор на овој лек, македонски студент е измислена. Станува збор за лажна реклама која има за цел да ги измами граѓаните и да собере пари од нив. Според тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...