fbpx

Лишен од слобода возачот што прегази девојче на пешачки премин во Велес

-

Лишен од слобода е А.Н. (29) од Велес, кој со своето возило завчера прегази девојче во Велес, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето кое на 17 декември околу 22.15 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удрило во пешаците Е. И. (43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напуштило местото.

„Малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Според информациите од Основното јавно обвинителство во Велес до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина удрил во две лица на пешачки премин, мајка и ќерка. Од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“ и од здобиените повреди починало.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...