fbpx

Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

-

За половина денар од полноќ ќе се зголеми малопродажната цена на Еуродизел и ќе изнесува 81 денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Со новата одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 отсто во однос на одлуката од 16.12.2022 година.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,137 денари за кг, а малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.

Еуросупер БС – 95 и понатаму чини 76 денари за литар, цената на Еуросупер БС – 98 останува 78,5 денари за литар, додека маслото за горење ќе чини 79 денари за литар. Цената на мазутот е 39,2 денари за килограм.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

АНАЛИЗА: Општина Гостивар има највисока наплата од данок на имот

Од четири анализирани општини во земјава, општина Кичево е со највисока наплата од данок на доход, 33 отсто во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од...