fbpx

Таравари не рекламира никаков препарат за слабеење

Препаратот за слабеење кој се рекламира го нема ниту во регистарот на лекови одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.

-

Препаратот што се нуди во рекламата којашто се споделува во овој пост  го нема во регистарот на МАЛМЕД. Исто така, неврохирургот д-р Арбен Таравари преку објава на Фејсбук реагираше дека нема никаква врска со овој препарат и се огради од него. Не  е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Таков беше случајот со д-р Никола Пановски кој беше злоупотребен за реклама на некаков чај против паразити, за што Вистиномер веќе пишуваше, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој рекламира некаков производ за слабеење и притоа го злоупотребува името на неврохирургот д-р Арбен Тараври, актуелен градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство.

Вашата бројка ќе стане потенок за 7 дена! Нова формула со моќни антиоксиданти за претворање на маснотии во енергија за секој ден. Забрзување на метаболизмот, задушување на апетитот, нормализација на хормоналната позадина, чистење на телото на ткосините, пишува во објавата во којашто се забележуваат јазични грешки.

Во рамките на постот е прикажана и фотографија со производот за слабеење и ликот на д-р Таравари.

Но, Тараври нема никаква врска со оваа реклама за што и самиот реагираше на Фејсбук.

ВНИМАНИЕ!
Како лекар, длабоко сум загрижен за ширењето лажна реклама во мое име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба.
Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба.
Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици, напиша Таравари на Фејсбук.

Препаратот за слабеење кој се рекламира го нема ниту во регистарот на лекови одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.

Па, имајќи предвид дека препаратот го нема во регистарот на МАЛМЕД, како и тоа дека Таравари самиот се оградува од него, можеме да заклучиме дека постот што го анализираме е невистинит.

Не е првпат на социјалните мрежи да се сретнуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Таков беше случајот со д-р Никола Пановски, кој беше злоупотребен за реклама на некаков чај против паразити, за што Вистиномер веќе пишуваше. Нашата проверка покажа дека чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...