fbpx

Д-р Жан Митрев не измислил лек за подобрување на видот

На социјалните мрежи во кој е злоупотребена фотографија на кардиохирургот д-р Жан Митрев во лажна реклама за лек за подобрување на видот

-

Не е вистина дека посочениот „лек“ О капс го измислил д-р Жан Митрев, ниту го препорачува, ниту има докази дека го подобрува видот, како што се тврди во објавата. Таа злоупотребува име на широко познат во јавноста медицински професионалец, доктор, со цел да ги измами граѓаните да купат лажен лек, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на социјалните мрежи во кој е злоупотребена фотографија на кардиохирургот д-р Жан Митрев во лажна реклама за лек за подобрување на видот. Во објавата стои:

Фрли ги очилата со оваа единствена состојка , можете да го вратите видот до 100%

Кога ќе се кликне на копчето се отвора страница со целосно измислено интервју на д-р Жан Митрев, во кое се вели:

Во Македонија аптеките сокриле метод кој го враќа видот за 97%!. Нешто неверојатно се случи на конгресот на офталмолозите во Европа оваа година. Сите гледачи го поздравија тој што беше 10 минути на трибините лекар Жан Митрев. Тој предложи да се користи единствена формула.

Првенствено, д-р Жан Митрев е кардиохирург, а не офтолмолог, што значи дека не е точно оти присуствувал на конгрес на офтолмолози.

Во интервјуто дури пишува дека д-р Митрев го создал лекот за подобрување на видот. Што е бесмислица.

Мајка ми целосно го изгуби видот од истата причина. Потоа се зафатив со проучување на очните болести и нивниот третман. Бев шокиран кога сфатив дека повеќето лекови во аптека се бескорисни хемикалии кои само ги влошуваат работите. Баба ми ги користеше секој ден. Во изминатите три години, темелно ја проучував оваа тема. Всушност, производот за кој сега сите зборуваат се појави во процесот на пишување на мојата нова дисертација за третман на очни болести. Сфатив дека открив нешто ново за себе. Но, не мислев дека ќе генерира толку голем интерес од различни институции, стои во измисленото интервју.

Ја контактиравме клиниката д-р Жан Митрев и оттаму потврдија дека е злоупотреба и измама.

Станува збор за злоупотреба на името и сликата на д-р Жан Митрев. Тој не са бави со такви реклами. Ве молиме да не верувате на вести кои не проеизлегуваат од официјалните канали за комуникација на Клиничката болница Жан Митрев.

Измислиците се нехумани и одат дотаму што се тврди дека некој непотврден лек О капс е замена за операција за катаракта и глауком, што медицински е невозможно.

За крајна манипулација на корисниците на социјалните мрежи дури има и измислени коментари од ботови кои ги споделуваат „позитивните ефекти“ од О капс.

Сево ова се бесмислени лаги преку кои се продава лажен и неиспитан лек за подобрување на видот за кој нема никакви докази дека има воопшто ефекти.

О капс се капсули кои се продават по цена од 4 800 денари. Но, никаде не пишува што содржат, а ги нема ниту во аптеките во земјава. Истите не се регистрирани во Регистарот на лекови во земјава и не се одобрени за употреба.

Дополнителен доказ дека се работи за измамничка реклама е тоа што на други линкови, кога ќе се пребара на Гугл за О капс, се тврди дека ги измислил наводен студент по медицина од Македонија со име Роберт Србиновски.

Од сето ова можеме да заклучиме дека не е вистина дека посочениот „лек“ О капс го измислил д-р Жан Митрев, ниту го препорачува, ниту има докази дека го подобрува видот, како што се тврди во објавата. Таа злоупотребува име на широко познат во јавноста медицински професионалец, доктор, со цел да ги измами граѓаните да купат лажен лек.

Поради горенаведените факти оценуваме дека објавата е невистинита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...