fbpx

УХМР предупредува за појава на невреме и обилни врнежи денеска и утре

„Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд“, се наведува во предупредувањето на УХМР

-

По подолготрајниот период со невообичаено топло време и без никакви врнежи, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на невреме кое денеска и утре ќе ја зафати Македонија.

Како што информираат од УХМР, попладнево, во вечерните часови и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Преку денот ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен југоисточен ветер. Невреме е можно и во делови од скопската котлина.

И во текот на утрешниот ден, на повеќе места се очекува нестабилно време со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа утре ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

„Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд“, се наведува во предупредувањето на УХМР.

Инаку, во Србија во некои региони за денеска е прогласен црвен метео аларм, кое означува многу опасно време. Хидрометеоролошкиот завод на Србија предупреди дека во делови од Банат, централна, источна и јужна Србија се очекуваат врнежи од 40 до 80 милиметри, локално и околу 100 милиметри дожд, што претставува месечно количество на врнежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...