понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: епидемиолог | 32 резултати

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

16 август 2022

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да […]

Вистиномер: Вакцината на „Фајзер“ за деца под 16 години е регистрирана во Србија во 2021 година

9 август 2022

Документот што се споделува во текстот на „Коловрт“ е од декември 2020 година кога фајзеровата вакцина не се администрираше на деца под 16 години никаде во светот, затоа што уште не беа завршени клиничките тестирања за таа возрасна група. Тој документ во текстот не се однесува на деца, туку на лица над 18 години за […]

Новиот ковид бран почна порано од очекуваното, експертите велат: На плажа нема да се заразите, но во дискотека, големи се шансите

5 јули 2022

Бројот на нови ковид случаи во изминативе денови е во пораст. Ако до пред дваесетина дена бројката изнесуваше педесетина случаи на ден, во последниве денови веќе сликата е поразлична и се евидентираат и по речиси 300 нови случаи. Процентот на заразени достигнува и до 18 отсто од тестираните на дневно ниво. Здравствени експерти за Мета […]

Прераното укинување на мерките може да го зголеми бројот на ковид случаи

6 април 2022

Грција, Италија, Германија и Велика Британија се само некои од европските земји кои бележат пораст на бројот на ковид случаи. Како што оцени Светската здравствена организација (СЗО) неодамна, „бруталното“ укинување на ограничувањата е главната причина зошто неколку европски земји регистрираат нагло зголемување на случаите. Пораст на случаите има и во Кина, а Шангај е во […]

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

26 јануари 2022

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за Новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во […]

Стојанов: Проблем е да се чека ред во амбуланта, а не е проблем да се чека за на жичарница

18 јануари 2022

Сојот омикрон многу брзо се шири во сите држави и тоа главно е проширен меѓу младите и тоа е добра причина да си останат на сила актуелните мерки, но и да се воведат нови, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Секаде во земјите во регионот и во Европа расте бројот на новозаразени од ковид, ова е […]

Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани

23 декември 2021

Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде потребна не само четврта доза, туку и периодични дози на сезонска […]

Стојанов: Коронавирусот мутира зашто луѓето не се вакцинираат

26 ноември 2021

Светската здравствена организација (СЗО) ја следи новата варијанта на ковид, наречена B.1.1.529, а која е откриена во Јужна Африка. Овој нов мутант е повод претставниците на СЗО денеска да се состанат и да разговараат околу третманот и вакцините. Јужноафриканските научници откриле 30 мутации на спајк протеинот, делот од вирусот што се врзува за клетките во телото, […]

Даниловски: Потврдата за примени две дози не е гаранција дека лицето не е заразено

9 август 2021

Откако Владата завчеравечер ги објави новите мерки за сузбивање на бранот нa ковид-19, имаше многу реакции во јавноста. Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, дава свое видување за потврдата за извршена имунизација, која ќе се бара во простории и објекти со повеќе од 30 лица. „Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку […]

Д-р Александар Стојанов: И вакцинираните лица да избегнуваат собири

9 август 2021

Вакцината штити од ковид и со неа е многу полесно да се функционира. Минатото лето немавме вакцина, а сега кога ја имаме, нема голем интерес за неа. Она што е многу важно е граѓаните да се вакцинираат, па и децата постари од 12 години, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за […]

Даде ли резултат карантинот наметнат од Албанија за граѓаните од Северна Македонија

20 мај 2021

Албанија воспостави задолжителен двонеделен карантин, од 20 април до 3 мај, за Северна Македонија и Грција. Ова беше најстрогата рестриктивна мерка на Албанија кон соседните земји од почетокот на пандемијата ковид-19. Додека туристичкиот сектор ги претрпе најштетните последици од оваа одлука, познавачите на епидемиолошката состојба изразуваат различни ставови за истата, пишува Порталб.мк. На 3 мај […]

Стојанов: Пандемијата ќе трае уште долго, залудни се сите рестрикции бидејќи самите не внимаваме

10 март 2021

Изминатава година ништо не научивме ако го погледнеме бројот на ковид-случаи и на рестриктивните мерки кои повторно ќе бидат на сила. Ситуацијава покажува дека залудни се сите мерки бидејќи не сфаќаме дека не треба во гужви да влегуваме, во трговски центри, во автобуси, во станови и во куќи, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен […]

Со сегашното темпо на вакцинација, за имунитет на глобално ниво ќе бидат потребни 6,7 години

22 февруари 2021

Земјите што први започнаа со процесот на вакцинација можат да достигнат колективен имунитет за два до пет месеци од сега со тоа што ќе вакцинираат од 75 до 85 проценти од населението. Но, според податоците на „Блумберг“, со просечно 4,7 милиони дози администрирани дневно, ќе бидат потребни 6,7 години за да се вакцинира 75 отсто […]

Стојанов: Нема дисциплина, можно е да се намали работното време на кафичите

21 септември 2020

Минатата недела, но и оваа, бројките покажуваат дека ковид-19 се шири, а тоа е причина да се вратат благи рестриктивни мерки, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје. Според евиденцијата, бројот на смртни случаи е загрижувачки висок, а не опаѓа ниту бројот на новозаразени пациенти, што зборува дека ширењето на вирусот […]

Бројот на новозаразени не опаѓа: Собирањата се биолошки бомби, ќе експлодираат ако не внимаваме

24 јуни 2020

Бројката на новозаразени лица со ковид-19 секојдневно е над 100 на дневно ниво. И денешните бројки го говорат тоа, одосно во државата има 136 нови случаи во последните 24 часа. Дали здравствениот систем, односно државата прави доволно кога станува збор за справување со ковид-19? Што друго треба да се направи за да запре растот на […]

Денеска 89 новозаболени и 7 починати – ќе има ли нов полициски час и карантин за Штип, Чаир, Гази Баба и Сарај?

1 јуни 2020

Нема друг излез од ситуацијава освен повторно да се воведе полициски час и да се затворат општините во кои бројот на заразени со ковид-19 е голем, смета епидемиологот Александар Стојанов, коментирајќи ја бројката од 89 новозаразени и седуммина починати лица за само едно деноноќие. Тој вели дека државата презела сè што презедоа и останатите власти […]

Даниловски: Епидемијата слабее, ако имате маска на лице слободно шетајте ако држите дистанца

27 април 2020

Олабавувањето на мерките е логична последица на олабавувањето на епидемијата. Тоа следи откако веќе од половината на април имаме епидемиска крива со стабилно плато. Значи, не врв, туку плато, вели за „Мета.мк“ епидемиологот Драган Даниловски. – Зошто плато? Затоа што тоа и беше идејата на спроведување на мерките: да се израмни (растегне) епидемиската крива во […]

Две третини од починатите од Ковид-19 во земјава се мажи (инфографик)

23 април 2020

И мажите и жените се еднакво застапени во статистиката на вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во земјава. Од 1.259 регистрирани случаи до 22 април, 48 отсто се мажи, а 52 отсто жени. Но, она што е невообичаено е половата статистика кај починатите. Бројот на починати мажи е повеќе од двојно повисок од бројот […]

Кризниот штаб на Србија не е формиран пред сите на Балканот

13 април 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Јусуфи Балажи: Kога сте фокусирани на здравјето на пациентот, заборавате на стравот

10 април 2020

За време на кризата со корона вирусот речиси секој ден ја читаме реченицата „остани дома“, ова е многу важно, но не важи за оние во првите редови на фронтот, за медицинскиот персонал. За епидемиологот Ларгиме Јусуфи Балажи зборовите како страв, замор или стрес повеќе немаат исто значење, затоа што таа живее со истите од почетокот […]

Страна 1 од 2