среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Никола Пановски | 35 резултати

Доктор Никола Пановски не рекламира лек за проширени вени

септември 20, 2023

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат […]

Професорот Пановски не рекламира никаков лек против паразити

декември 10, 2022

Не е првпат на социјалните мрежи да се појавуваат лажни реклами за одредени препарати кои ги нудат измислени лекари или се злоупотребуваат имињата на еминентни доктори. Овојпат на мета е познатиот македонски епидемиолог д-р Пановски кој очигледно нема никаква врска со рекламирањето на некаков лек против паразити. Тој самиот досега во неколку наврати реагираше на […]

Со лажно рекламирање, чај се претставува како „сертифициран лек против паразити”

декември 3, 2022

Чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни карактеристики, како што се тврди дека има горенаведениот чај. Законот за лекови и медицински средства го уредува делот […]

Пред да јадете виршли, убаво сварете ги, препорачуваат експертите

септември 23, 2022

Пред да се консумираат виршли, тие треба термички да се обработат, односно убаво да се сварат, зашто тоа е еден од начините за заштита од листерија моноцитогенес. Ова го потенцираат универзитетските професори со кои поразговаравме, откако Агенцијата за храна и ветеринарство вчера соопшти дека донела одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии […]

Мајмунските сипаници многу тешко се пренесуваат за да бидат опасни, велат експертите

мај 23, 2022

Пандемијата од ковид-19 нема замав во последните месеци, но затоа појавата на мајмунските сипаници предизвикаа големо внимание во јавноста. Медицинските експерти велат дека простор за паника нема заради тоа што овие сипаници многу тешко се шират за да бидат опасни, а и бројот на случаи е мал на светско ниво. Епидемиологот проф. д-р Александар Стојанов […]

Вистиномер: Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

декември 28, 2021

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење пласирано преку социјалните мрежи: Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест Доцна Вечерва: „Омикрон“ Влезе Во Македонија – Ова Се Најновите Детали“, додавајќи во постот дека […]

Пановски: Учебната година да започне со комбинирана настава, и онлајн и со физичко присуство

август 26, 2021

Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски. Тој смета дека ако на едно дете му се случи нешто посериозно, тогаш ќе настане хаос бидејќи атмосферата е многу чувствителна. Според него, треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот […]

Пановски: Бројките растат, доцна е за мерки, октомври ќе биде критичен месец

август 5, 2021

Бројот на лица заболени од ковид-19 постепено расте, а државата требаше многу порано да преземе мерки за да го намали тој број, смета проф. д-р Никола Пановски од Медицинскиот факултет. Според него, требало да има поголема контрола на граничните премини, а властите требало да преземат мерки и во однос на организирањето свадби на отворено. Пановски […]

Пановски: Не знам зошто да не се прими втора доза на „АстраЗенека“ ако веќе е примена првата

март 31, 2021

Околу дваесет милиони луѓе само во Велика Британија се вакцинираа со „АстраЗенека“, но и илјадници други во други држави, па затоа не гледам причина да запре вакцинацијата со таа вакцина. Ова е ставот на проф. д-р Никола Пановски, по последната одлука на Министерството за здравство да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 60 години. […]

Пановски: Се чувствував подобро по првата примена доза на „Фајзер/Бионтек“

март 27, 2021

Проф. д-р Никола Пановски, микробиологот од Медицинскиот факултет, кој од почетокот активно ги следи сите случувања поврзани со пандемијата на ковид-19, на 8 март ја примил првата доза вакцина на „Фајзер/Бионтек“. Уште по примањето на првата доза, вели дека се чувствувал подобро, а од нус појави, имал само болка во раката. Тој за „Мета.мк“ вели […]

Пановски: Ако се прошири јужноафриканскиот сој, и тие што прележале и тие што се вакцинирале ќе можат да заболат

март 3, 2021

Ако се прошири јужноафриканскиот сој на коронавирус кај нас, залудно ќе ви биде што сте прележале ковид-19, а од друга страна, ниту некоја од сегашните вакцини може да ве спаси. Ова е ставот на проф. д-р Никола Пановски, по информациите дека битолчанец на возраст од 65 години кој престојувал во Занзибар, со позитивен тест е […]

Една година живот во пандемија на ковид-19

февруари 26, 2021

Точно една година помина откако Република Северна Македонија го регистрираше првиот случај на коронавирус. Се работеше за педесетгодишна скопјанка која еден месец престојуваше во Италија. Веќе на 6 март, во дневниот биланс беа додадени и двајцата сопружници од Дебар, позитивни на корона вирус, кои се враќале од Бреша, Италија, а со кои се возеле уште […]

Дел од мутациите на коронавирусот можат да заразат луѓе кои веќе еднаш биле инфицирани

февруари 19, 2021

Дел од мутираните варијанти на коронавирусот, особено јужноафриканската и бразилската, можат да заразат лица кои и претходно биле инфицирани со „оригиналниот“ коронавирус, пишува германски „Шпигел“. Иако пружаат релативно добра заштита, се чини дека и вакцините се помалку ефективни против неколку од новите соеви, па впечатокот е како да започнува цела нова пандемија со мутациите на […]

Ковид-бројките во пораст, регистрирани повеќе мутации на вирусот, експертите повикуваат на внимателност

февруари 10, 2021

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) бележи зголемување за 4,1 процент на број на нови позитивни ковид-случаи, како и зголемување за 3,1 отсто на смртните случаи, споредено со минатата недела. Последниот неделен извештај на институцијата, за периодот од 1 до 7 февруари покажува дека во овој период тестирани се вкупно 14.398 материјали во лабораториите во кои […]

Филипче го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од кинески „Синофарм“

февруари 8, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Од Министерството за здравство велат дека точниот датум на пристигање и сите други информации ќе се знаат деновиве. „Почитувајќи ја […]

Пановски: „Оксфорд – АстраЗенека“ е најевтината вакцина против ковид, но е безбедна и ефикасна

февруари 6, 2021

Откако неколку европски земји советуваа да не се аплицира вакцината „Оксфорд –  АстраЗенека“ на лица над 65 години, Швајцарија одби да ја одобри оваа вакцина против ковид-19, поради, како што велат, недостиг на податоци за истата и за која се потребни нови студии. Домашните здравствени експерти велат дека нема сомнеж дека вакцината е безбедна, па […]

Пановски: Новиот сој на ковид-19 побрзо се шири, да се почитуваат мерките за да не се дозволи нов пик

февруари 1, 2021

Постојат научни докази кои потврдуваат дека британскиот сој на ковид-19 се шири многу побрзо, рече микробиологот Никола Пановски во изјава за „Алсат“ и ги повика граѓаните да ги почитуваат заштитните мерки за да се спречи нов раст на бројот на заболени, пренесува „Порталб.мк“. „Тоа значи дека ако имаме 10 лица, тие ќе заразат 15 други, […]

Пановски: Ако утре стаса кинеска вакцина, прв ќе се вакцинирам

јануари 26, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се разгледува можноста и за набавка на кинески вакцини, на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, иако во меѓувреме, државата не се откажува од фајзеровите вакцини кои треба да се обезбедат преку ковакс механизмот. За кинеските вакцини се размислува по доцнењето на испораката на вакцините на „Фајзер“. Професорот од Медицинскиот […]

Епидемијата се стабилизира, но не треба да се опуштаме бидејќи сè ќе биде бадијала, велат епидемиолозите

јануари 21, 2021

Според неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец, бележиме стабилизација на епидемијата во земјата. Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се евалуира состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, освен бнројката на оздравени случаи која бележи зголемување, информираат во Министерството за здравство. Сепак, епидемиолозите предупредуваат дека ова не значи дека пандемијата е […]

Лекарската комора им ги дообјаснува протоколите за Ивермектин на матичните лекари, граѓаните да не го земаат на своја рака

јануари 15, 2021

Лекарската комора започнала со оналјн предавања за матичните лекари во целата земја, на кои им се дообјаснуваат протоколите за употреба на лекот Ивермектин кој се употребува за третман на болеста ковид-19. Од следната недела, како што информираат во Министерството за здравство, лекарската комора ќе организира и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во […]

Страна 1 од 2