fbpx
Таг: лекар

таг: лекар

Лекар од Скопје пронајден во автомобил избоден до смрт во Железара

На паркингот пред поранешната клиника Железара, во возило „Киа“ вчеравечер бил пронајден починат 67-годишниот А.Т. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој бил пронајден во сопствениот автомобил со повеќе убодни рани. Јавното обвинителство соопшти дека починатиот бил лекар. Го пронашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. „Лекар од Итна медицинска помош констатирал...

Доктор Никола Пановски не рекламира лек за проширени вени

Се работи за лажна реклама во која е злоупотребена фотографија на епидемиологот Пановски, со која е споделена и измислена изјава. Тој на својот официјален профил повеќепати досега информираше дека ниту бил, ниту ќе биде дел од какви било реклами за лекови. Реакција има и од Лекарската комора, од каде што велат дека во Комората зачестено стасуваат поплаки од доктори, кои...

Суспендиран анестезиологот од Тетово што објави снимки од пациенти

Mинистерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, соопштија дека е суспендиран анестезиологот од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти. „Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме сè за во иднина да не ни се случи вакво нешто“, рече...

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија...

Доктор Бобан Вучевски: Има луѓе кои и по прележувањето на ковид-19 со тешки симптоми, не веруваат во болеста

Имаше многу пациенти кои не веруваа во оваа болест. Општо кажано, во нашите краишта имаме многу ниска медицинска култура, не се грижиме толку за нашето здравје за разлика од поразвиените земји. Кај нас медицинската едукација е сведена на минимум и затоа се соочуваме со проблеми, со голем број на срцеви болни, на кардиолошки и пулмолошки болни, а сега посебно...

Вистиномер: Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е категоричен дека...

Приведена лекарка од Куманово под сомнеж дека земала по 12.000 денари поткуп за хируршки интервенции

Полицијата денеска привела лекарка од Куманово со инцијали Е.С. под сомнение дека примала поткуп од 12.000 денари за хируршки интервенции во очното одделение во Општата болница во Куманово. Како што соопшти МВР, лекарката е осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба и овластувања и дека и покрај тоа што пациентите биле осигурани преку Фондот за здравствено осигурување, таа им...

Вистиномер: Нема лекари во државното здравство што работат за 250 евра плата

„Вистиномер“ рецензираше Фејсбук-пост со тврдење дека во земјава некои лекари земаат плата од 250 евра и утврди дека нема такво нешто. Рецензијата подолу ја пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на Фејсбук во кој е споделен текст со наслов ,,Само во Македонија: Пекар со плата од 600 евра, а лекар со 250 евра”. Во самата содржина на текстот лекарите не се споменати...

Осомничен лекар од Гостивар кој за пари давал лажни потврди за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство од Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране, кој за одреден финансиски надомест, на две лица им издал лажни извештаи за негативен ПЦР тест. Тој е осомничен дека сторил продолжено кривично дело–Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до судијата на...

Од утре се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките

Граѓаните од утре во аптеките ќе можат да подигнат лекови без да стравуваат дека се потрошени залихите. Со воспоставувањето на новиот систем за подигање лекови ќе нема квоти за лековите од позитивната листа, со што на граѓаните ќе им се овозможи во било која аптекада го добијат неопходниот лек. Воедно, кај матичните лекари и во аптеките ќе се врши препишување...

Хвар гледа спас во лекарка од Македонија со плата од 6.740 евра!

Жителите на општината Суќурај, во источниот дел на хрватскиот остров Хвар долго време се без лекар, а решение за нивниот проблем изгледа ќе стане лекарка од Македонија, извести хрватскиот јавен радиодифузен сервис ХТВ. И половина година откако е распишан огласот за нов лекар во амбулантата во Суќурај, од Хрватска не се јавил никој, а единствена заинтересирана била лекарка од Македонија....

Таравари: Ако гостиварци не ми веруваат, се враќам на лекарската професија

Министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“ зборува за проблемите во ресорот што ги затекна и со кои се справуваше, како и за својата кандидатура за градоначалник на Гостивар. - Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам...

МВР: Пријава за директорот на Клиниката за неврохирургија, зел поткуп од 1.000 евра

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава за примање поткуп против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Според скопската полиција, А.Ч. на 26 мај од татко на 13-годишна пациентка директно побарал 1.000 евра за издавање потврда дека Клиниката за неврохирургија не извршува хируршка интервенција на каква што девојчето...

Почина 29-годишен затворник во Штип

Затвореник од Штип, на возраст од 29 години, починал во ќелијата, каде бил пренесен откако му се слошило во текот на постројувањето во дворот. Полицијата соопшти дека Ердал Јусинов починал вчера, околу 14.15 часот, во Казнено-поправниот дом - Штип, во креветот од собата. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Како што дознаваме, причина за...

Судењето за настаните во Диво Насеље ќе паузира еден месец

Судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година, ќе има пауза од околу еден месец, а следното рочиште е закажно за 6 септември, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. И следното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста и нема да им биде дозволено на новинарите да го...

Итната помош дала „виза“ за рочиште за „Диво Насеље“, обвинетите немале повреди од ќотек

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжи главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово, од 9 и од 10 мај минатата година, и покрај интервенцијата на екипа на Итната помош, која била повикана откако шестмина обвинети се пожалиле на здравстени проблеми и на повреди, кои, наводно, ги добиле при транспортот од затворите каде издржуваат притвор. Поради...

Греди од куќа затрупале двегодишно дете во Кочани

Двегодишно дете од населбата Оризари во Кочани го загубило животот откако околу 14 часот се скршиле гредите од руинираниот дел на куќата и паднале врз него, затрупувајќи го, информираат од полицијата. Екипи на итната медицинска помош, локалната противпожарна бригада и на полицијата, кои пристигнале на местото, заедно со жители на населбата почнале со расчистување на урнатините за да го пронајдат...

Инспектор на самото место ќе казнува лекари

Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност предвидува предлог-законот за измени на Законот за здравствена заштита ако здравствен работник оневозможи, попречи или го отежнува користењето на здравствена услуга, го запостави болниот кој се наоѓа на болничко лекување, не се придржува на општиот акт за користење на работната и на заштитната облека, не го почитува работното време за прием...

Резултати за државно ин витро се чекаат и по 13 месеци!

Жените кои прават вештачко оплодување, кое е покриено од Фондот за здравствено осигурување, се жалат дека поминуваат низ многу тешкотии додека ги набават потребните документи. Тие велат дека некогаш им се потребни и месеци за да направат некое испитување. - Јас осум години се борам да станам родител. Додека за да се направи ин витро на своја сметка процесот е само прашање за...

Уште еден лекар заразен од ебола во Сиера Леоне

Уште еден лекар од Сиреа Леоне е инфициран со ебола, соопштија здравствените власти во земјата. Повеќе од 15.000 лица се инфицирани со ебола, од кои повеќето во Западна Африка. Бројот на заразените здравствени работници е многу поголем во споредба со претходните епидемии. Токму затоа справувањето со епидемијата е многу потешко во овие земји, кои и пред појавата на болеста имаа недостиг на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...