fbpx

Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Јавните препукувања меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат по подолготрајните шпекулации во јавноста дека Христијан Мицкоски не е во добри односи со Никола Груевски, во кого пак голем број од членството има доверба до денешен ден

-

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини поранешниот лидер Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата за да се подели опозициската партија и за да се протуркаат уставните измени, додека Груевски му врати на Мицкоски дека ќе треба да одговори јавно на две прашања.

Дојче Веле сервисот на македонски јазик ја пренесува изјавата на Христијан Мицкоски за германскиот весник „Франкфурте Алгемајне Цајтунг“, во која тој тврди дека владата подготвувала валкани дилови со поранешниот премиер Никола Груевски, за тој да се врати во земјава и да помогне со помош на неговите поддржувачи уставните измени да поминат во Собранието на РСМ, а за возврат тој да добие кривична неказнивост. Текстот во „Франкфурте Алгемајне Цајтунг“ е објавен синоќа.

Мицкоски во изјавата за новинарот на германскиот весник тврди дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вели дека доколку не се прифати неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на уставот.

На ваквите обвинувања од Мицкоски вечерва му одговори Никола Груевски, кој преку Фејсбук побара од Христијан Мицкоски јавно да одговори на две прашања, и тоа прво дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум, и второ, доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој негов потег, изјава, натпис или било што Груевски се обидел да ја подели партијата и да даде доказ дека тој прифатил валкана игра со власта, која требало да ја спроведе со помош на приврзаниците на Груевски во партијата.

„Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, вели Никола Груевски во својата објава на Фејсбук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...