fbpx
Таг: препукувања

таг: препукувања

Мицкоски и Груевски со нови обвинувања, од СДСМ бараат да не ги мешаат во кавгата

Лажна е пропагандата на СДСМ, која трае скоро пола деценија, дека партијата се води од странство. Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој додаде дека неговата партија не била никогаш пообединета и има огромна поддршка од народот. „ВМРО-ДПМНЕ ја води раководството на партијата заедно со структурите во партијата, членовите и активистите. ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, својот...

Мицкоски и Груевски во жесток клинч – кој е учесник во триаголникот?

Актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски и денеска продолжија да се напаѓаат со меѓусебни преписки преку социјалната мрежа Фејсбук, откако вчера го истрошија првичниот арсенал на зборови еден против друг. Двата поста на Мицкоски и Груевски веќе имаат илјадници лајкови, до 16:30 часот оној на Мицкоски достигна 2.800 лајкови, додека Груевски за само еден час...

Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини поранешниот лидер Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата за да се подели опозициската партија и за да се протуркаат уставните измени, додека Груевски му врати на Мицкоски дека ќе треба да одговори јавно на две прашања. Дојче Веле сервисот на македонски јазик ја пренесува изјавата на Христијан Мицкоски за...

Продолжуваат препукувањата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за Комисијата за заразни болести, на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска преку партиски соопштенија се препукуваат во врска со Комисијата за заштита од заразни болести, но на штета на граѓаните бидејќи корона вирусот се шири со голема брзина, а гласањето за мерките за заштита во Собранието се одлоговлече до 27 октомври. За опозициската партија, Комисијата нема кредибилитет и не може да се справи со корона кризата,...

Османи: „Рекет“ да не се злоупотребува за дневно-политички препукувања

Целосна поддршка на правосудните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка за расветлување на случајот „Рекет“, побара на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, нагласувајќи дека со тоа ќе се обезбеди враќање на довербата во институциите и владеењето на правото. Османи потенцираше дека остануваат неполни два месеца од клучните состаноци на ЕУ, на кои се очекува потврдата...

Рама го разреши министерот за правда на Албанија и именуваше нов

Албанскиот премиер Еди Рама денеска официјално за нов министер за правда го именуваше Петрит Васили, на местото на досегашниот министер, Или Мањани, кого претходно го разреши од функцијата, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Одлуката на Рама доаѓа по неговата средба со претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета. Засега нема официјални информации за причините за смената на Мањани и за назначувањето...

Мета-ретроспектива: Влади се менуваат, а „Гисеке“ печати обрасци и предизборни афери

Германската фирма „Гисеке и Девриент“, која го има договорот за изработка на македонските лични докумети (пасоши, лични карти и возачки дозволи), по десет години повторно е во фокусот на медиумските конфронтации меѓу власта и опозицијата. Во 2005 година, пред изборите, таа го доби тендерот за новите лични документи, а МВР беше обвинето дека нетранспарентно ја одбрало таа компанија и дека „заиграла“...

Жедната Пелагонија ја освежи политичката клима во Битола

Жедни или сити со вода, пелагониските ниви ова лето, по сè изгледа, се единствената тема која ја освежи политичката клима во Битола. Но, во исто време, и првата јадица на која политичките партии се обидуваат да ги ловат гласовите на земјоделците пред новите парламентарни избори. По долгото затишје и конфронтаците за „бомбите“ на Заев, наводнувањето на пелагонските ниви од хидросистемот Стрежево...

Политичарите се раскараа по социјалните мрежи

По фијаското на средбата на лидерите на политичките партии со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, политичарите распалија на социјалните мрежи. Вината за неуспехот на преговорите во Брисел си ја префрлаат едни на други. Еве дел од нивните статуси: Антонио Милошоски: За неодговорното однесување на Заев и Шеќеринска, политичките тензии кои ги предизвикуваат и последиците за Република Македонија: ... жртва на неодговорното политичко однесување на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...