fbpx

Мицкоски и Груевски со нови обвинувања, од СДСМ бараат да не ги мешаат во кавгата

Кавгите на Христијан Мицкоски и Никола Груевски продолжуваат веќе трет ден, при што поранешниот партиски лидер повторно преку Фејсбук му реплицираше на Мицкоски, кого го обвини дека тера однапред подготвена кампања против него

-

Лажна е пропагандата на СДСМ, која трае скоро пола деценија, дека партијата се води од странство. Ова денеска го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој додаде дека неговата партија не била никогаш пообединета и има огромна поддршка од народот.

„ВМРО-ДПМНЕ ја води раководството на партијата заедно со структурите во партијата, членовите и активистите. ВМРО-ДПМНЕ е партија од народот, својот легитимитет го црпи од народот, а не коленичејќи на црвени дебели персиски ќилими низ светот, туку заедно со народот како што беше и денеска и ВМРО-ДПМНЕ врз основа на тој легитимитет за неколку месеци од денеска ќе ја формира новата влада“, изјави Христијан Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека неговите 44 пратеници за уставните измени во Собранието под овие околности имаат ист став, а за тоа не се присилени туку самите веруваат во исправноста на ваквата одлука.

Инаку, кавгите на Христијан Мицкоски и Никола Груевски продолжуваат веќе трет ден, при што поранешниот партиски лидер повторно преку Фејсбук му реплицираше на Мицкоски, кого го обвини дека тера однапред подготвена кампања против него.

„И во време кога Мицковски и Заев повеќе од половина година не ги негираа објавите на медиумите за нивна блиска соработка и заеднички планови. А националните позиции на Заев добро ни се познати…не сум изненаден Заев да не ме посакува во ист табор со него“, пишува експремиерот Никола Груевски на Фејсбук.

Тој наведува дека допрво ќе ги анализира нападите против него, порачувајќи им на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и на сите во раководството да не наседнуваат на ваквите погубни стратегии, да размислуваат со своја глава и да бараат цврсти докази кога некого осудуваат на невидено.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи Централен комитет на партијата, на кој се очекува една од главните теми да биде и конфронтацијата меѓу актуелниот и поранешниот лидер на партијата.

Од владејачката партија СДСМ денеска коментираа дека опозициската партија се распаѓа и дека очигледно големи се внатрепартиските проблеми во ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста е сведок дека повторно внатрешниот раздор, кавги и поделби во ДПМНЕ кои кулминираат овие денови Мицкоски се обидува да ги натовари на СДСМ. Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски“, велат од СДСМ, порачувајќи им да не ја мешаат СДСМ во меѓусебната пресметка и сами да си ги решаваат кавгите во ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...