fbpx

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Спинот се состои од фактот што Владата на СДСМ наводно можела да не преговара за билатералните односи во рамката и дека ставањето на овие услови во преговарачката рамка со ЕУ е голема грешка што ја стори партијата што е на власт 7,5 години. Теоретски, можеби и можела

-

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на европските интеграции на земјата. А билатералните услови во форма на добрососедство, ќе останат во која било преговарачка рамка, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост: 

 

Во дебатна емисија на тв, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски искажа став околу преговарачката рамка со ЕУ во кој може да се детектира спин:

Спин: Досега беше преговори по копенхашки критериуми, а сега и билатерален договор и сега треба да се враќаме назад да преговараме на основа на критериумите, а не како што направивте вие. Направивте голема грешка, вели Мицкоски.

[Извор: BMРО – ДПМНЕ – Х. Мицкоски; датум: 03.04.2024]

Контраспин: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во дебата со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, зборувајќи за евроинтеграциските процеси на С. Македонија и за Договорите со Грција и со Бугарија, како и за т.н. „Француски предлог“, ја потврди намерата за репреговарање околу овие прашања, при што оцени дека Владата на СДСМ направила голема грешка, што е извртување на вистината, т.е. спин.

Спинот се состои од фактот што Владата на СДСМ наводно можела да не преговара за билатералните односи во рамката и дека ставањето на овие услови во преговарачката рамка со ЕУ е голема грешка што ја стори партијата што е на власт 7,5 години. Теоретски, можеби и можела. Но…

Преговарачката рамка за прием во ЕУ стандардно содржи добрососедски односи преку почитување на заедничката политика на ЕУ, која пак, е содржана во Договорот за ЕУ. Во нашиот случај тие односи се важни преку Членот 2 од Договорот, во кој е наведено дека членка на ЕУ може да стане земја што ги почитува и малцинските права.

Како што е општо познато, во рамки на ЕУ прогресот на С. Македонија, Бугарија успеа да го трансформира прашањето за идентитетот на Македонците што го проблематизира седумдесетина години, во прашање на почитување на малцинските права на Бугарите, па оттаму и да побара запишување на македонските Бугари во Уставот, како услов да започнат преговорите. И Грција си има свои интереси, па спроведувањето на Преспанскиот договор го наметна, исто така, во услов кој е важен од аспект на добрососедството.

Освен ова, согласно Договорот за стабилизација и асоцијација од 2001/2004, Солунскиот самит на ЕУ и сите натамошни протоколи и декларации и политики, вклучувајќи ја онаа што се спроведува како Стратегија за земјите од Западен Балкан, подразбира нагласување на компонентата на добрососедство и „помирување“, условот што е содржан за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Вистина е дека условите за преговарачката рамка ги договора секоја земја одделно со Унијата и дека Владата на Димитар Ковачевски по една драматична недела во која прво ги одби, па ги прифати на крајот од јуни и почетокот од јули 2022 година. Но, исто така е вистина дека според оваа рамка преговорите суштински ќе започнат по кластери и поглавја по смената на Уставот.

Ставот на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека е направена грешка, е извртена вистина од аспект на тоа што компонентата добрососедство секако ќе влезе после копенхашките критериуми во која било варијанта на преговарачка рамка. Тоа го наведуваат досегашните политики на ЕУ, а впечатокот е дека од тој услов посебно нема да се откажат, ниту Бугарија, ниту Грција, како придобивка за нив, ниту пак, други земји членки на ЕУ. Иако на тоа може да се спротивстават аргументите за одлуките на ЕУ за Украина, Молдавија, БиХ, итн, треба да се има предвид дека оваа политичка одлука нема да ги однесе во ЕУ, сигурно уште долго.

Така што, политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на европските интеграции на земјата. Тоа е елемент кој не се споменува директно од Мицкоски при неговите ставови за преговарачката рамка и за договорите од Преспа и со Бугарија, што е исто така своевиден спин – демек, европската иднина не е доведена во прашање, ама под наши услови. За кои не се знае дали и кога можат да бидат прифатени. Зашто ако можеле, ќе сме станеле членки на НАТО и на ЕУ од 2009 до 2013, како што тоа го направи и Хрватска.

 

Пишува: Теофил Блажевски

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...