fbpx

Политичарите се раскараа по социјалните мрежи

-

По фијаското на средбата на лидерите на политичките партии со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, политичарите распалија на социјалните мрежи.

Вината за неуспехот на преговорите во Брисел си ја префрлаат едни на други.

Еве дел од нивните статуси:

Антонио Милошоски:

За неодговорното однесување на Заев и Шеќеринска, политичките тензии кои ги предизвикуваат и последиците за Република Македонија:

… жртва на неодговорното политичко однесување на Заев е и уште повеќе ќе биде меѓународниот углед на Република Македонија, на штета на Евро-атланските аспирации на државата, а на задоволство на оние странски фактори кои и досега ги блокираа овие евро-атлантски перспективи на нашата земја.

Накратко, ова неодговорно и хазардно однесувањето на Заев може да се опише со една поговорка: “Што еден будала може да растури, сто паметни не можат да го поправат”

Илија Димовски:

Кога некој од СДСМ, или некој нивен “експерт”, или некоја нивна платеничка невладина организација, или некој нивен медиум и новинар, ќе зборува за ЕУ и НАТО треба да им се каже: МРШ ТАМУ ЛИЦЕМЕРИ…
Ако РМ ја изгуби препораката за ЕУ многу од нив ќе треба да знаат дека народот памти што зборувале и што правеле…

Радмила Шекеринска:

Тој што го создаде проблемите, не може да се „продава“ како нивното решение.

Петре Шилегов:

Еврокомесарот Јоханес Хан бил разочаран од недостаток на лидерство и одговорност на некои политичари во Македонија. И ние сме. Цели 9 години.

Јани Макрадули:

Европската Комисија бара конкретни предлози. Бидејќи 5 години го игнорираше секој коментар и предлог од опозицијата за нејзините извештаи за некаков прогрес на Македонија, најдобар предлог е да го вратиме времето. А, ако не е можно тоа нека проверат во сопствените држави дали некој нивен премиер: купува плацеви и менува планови на сила, договара провизии, менува историја, уценува пред избори….

Александар Бичиклиски:

Еве пак влегуваме во историјата: за прв пат во историјата на демократијата опозицијата која и е природна цел да се бори да дојде на власт што може побрзо побара одложување на изборите за една година????

Ермира Мехмети: 

Ниту еден диктатор не ја напуштил власта по три средби. Се уште е рано. Спијте мирно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...