fbpx

Османи: „Рекет“ да не се злоупотребува за дневно-политички препукувања

-

Целосна поддршка на правосудните органи за брза, ефикасна и транспарентна постапка за расветлување на случајот „Рекет“, побара на денешната прес-конференција вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, нагласувајќи дека со тоа ќе се обезбеди враќање на довербата во институциите и владеењето на правото.

Османи потенцираше дека остануваат неполни два месеца од клучните состаноци на ЕУ, на кои се очекува потврдата за почнување преговори. Тој апелираше помалите албански политички партии да не го користат „Рекет“ за дневно-политички препукувања.

– Евтината злоупотреба на „Рекет“ е израз на незрелост и неодговорност и ја загрозува нашата позиција како сериозна земја кај меѓународните партнери – рече Османи.

Тој додаде дека ефикасната борба против организираниот криминал и корупција и зајакнување на владеењето на правото се темелни европски вредности за кои земјите од ЕУ имаат низок праг на толеранција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...