fbpx

ИЗМАМА: Фотомонтажа со доктор Нико Беќаровски го претставува уапсен

Не е вистина дека доктор Нико Беќаровски бил уапсен, како што се прикажува на фотографијата во постот кој го рецензираме. Не е точно дека тој препорачува лекови или препарати во реклами

-

Сето тоа се прави во една кампања за промоција на препарат кој наводно треба да ги таргетира кардиоваскуларните болести, а за кој во маркетинг кампањата го злоупотребуваат Беќаровски, на начин што го става во конфликт со традиционалната медицина, фармацевтската индустрија и властите, за да лажно се претстави дека „тие сакаат да го скријат препаратот од јавноста кој инаку би ја излекувал јавноста од срцевите проблеми и високиот крвен притисок”, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија при Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје и се вели:

 

Уапсен највлијателниот професор во Скопје и главен лекар во државата! Нико Беќаровски се обидува да ја покаже вистината што се крие од пензионерите…

 

Власта со сите сили се бори вистината да не излезе на виделина, само нејзините лаги да се вртат меѓу луѓето, срамота.

Фотографијата претставува дел од организираната мрежа на лажен, неетички и нечесен маркетинг во кој се злоупотребуваат имињата и презимињата на лекари специјалисти, со цел да се измами јавноста да поверува дека тие препорачуваат некој чај или препарат. После некое време, линковите од таквите реклами стануваат неактивни, исто како и во случајов.

Доктор Беќаровски реагираше за оваа фотографија (споделена и во друга објава) на која тој со компјутерска монтажа е претставен како да е ,,уапсен” и како полициски службеници да го приведуваат со лисици.

Повторно ќе има работа за МВР и одделот за компјутерски криминал. Buwutoa.click барем да направевте подобра фотошоп монтажа, многу ми е голема главата. Од кардиохирург во претходното лажно интервју, сега станав приведен главен лекар во државата.

Во оваа објава има и линк кој го спомнува д-р Беќаровски во својата реакција (Buwutoa.click), кој заедно со фотографијата претставува дел од организираната мрежа на лажен, неетички и нечесен маркетинг во кој се злоупотребуваат имињата и презимињата на лекари специјалисти, со цел да се измами јавноста да поверува дека тие препорачуваат некој чај или препарат. После некое време, линковите од таквите реклами стануваат неактивни, исто како и во случајов.

Исто така, тој сподели уште една (трета) објава со слична фотографија од неговото наводно апсење кое никогаш не се случило, а која е дел од истиот серијал на лажни реклами за некакви препарати. Тој пост не постои, но фотографијата од него покажува дека некогаш постоел и бил активен, Tаму, на таа фотографија се наведува дека „уапсен е највлијателниот професор во Скопје и главен лекар во државата. Нико Беќаровски се обидува да ја покаже вистината што се крие од пензионерите”.

Не е првпат Беќаровски да е мета на измамите со лажно рекламирање лекови. Претходно беше лажно претставен со злоупотреба на брендот на Канал 5 телевизија, како да бил дел од интервју, па после интервјуто дека бил „изнесен од студиото од страна на чувари”. Сето тоа се прави во една кампања за промоција на препарат кој наводно треба да ги таргетира кардиоваскуларните болести, а за кој во маркетинг кампањата го злоупотребуваат Беќаровски, на начин што го става во конфликт со традиционалната медицина, фармацевтската индустрија и властите, за да лажно се претстави дека „тие сакаат да го скријат препаратот од јавноста кој инаку би ја излекувал јавноста од срцевите проблеми и високиот крвен притисок”. Сето тоа е еден лош неетички маркетинг трик, а Јавното обвинителство е на трага да го прекине овој синџир на нечесно рекламирање.

Меѓутоа, не е вистина дека доктор Нико Беќаровски бил уапсен, како што се прикажува на фотографијата во постот кој го рецензираме. Не е точно дека тој препорачува лекови или препарати во реклами. Праксата со лажното рекламирање преку злоупотреба на лекари, беше предмет на реакција и апел од Лекарската комора, на оваа нечесна и опасна пракса по здравјето на луѓето да и се стави крај. Соопштението е од јануари 2023 година, така што повеќе институции работат на случајот подолго време.

Поради сите горенаведени факти постот кој го рецензираме го оценуваме како графички изменета (ретуширана/фотошопирана) содржина, која покажува фиктивен настан, кој никогаш не се случил без тоа да се наведе што ги манипулира и измамува корисниците на социјалната мрежа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...