Синоќа во населбата Расадник, во општина Бутел, бил искршен месниот штаб на СДСМ Бутел, информираат од партијата.
„Непознати сторители ги искршиле прозорците и влезната врата на штабот, ги искинале постерите и ја оштетиле светлечката реклама. Утрово повикана е полиција и во моментов се прави увид од местото на настанот“, се додава во соопштението на СДСМ.