fbpx

„Решенија за поголемо политичко учество на женитe“: Жените се често недоволно застапени во партиските органи

Генерално, локалните ограноци на партиите ги водат мажи, што потоа често се отсликува и во родовата структура на другите органи и кандидати

-

Политичките партии тешко може да обезбедат репрезентативна демократија, доколку не преземат мерки да ја засилат и охрабрат улогата на жените во политиката. Ова е главниот заклучок од конференцијата посветена на борбата против насилството врз жените во политиката „Решенија за поголемо политичко учество на жените“, што се одржа денеска во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС), а со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Политички партии, граѓански и меѓународни организации дискутираа како да се намали родово-базираното насилство и да се обезбеди учество на жените во политиката.

Според податоците на Форумот за разумни политики, во партиските органи жените се често недоволно застапени. Генерално, локалните ограноци на партиите ги водат мажи, што потоа често се отсликува и во родовата структура на другите органи и кандидати.

Факторите кои влијаат на нееднакво родово учество во политиката се бројни – од бариерите во самите партии, до изложеноста на жените во политичкиот дискурс. Еден пример за негативната атмосфера во медиумскиот простор е ширењето на коментари на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на злонамерни и вознемирувачки содржини, се вели во истражувањата на ИКС.

„Сите ние треба да играме улога во спречувањето и справувањето со говорот на омраза, сексизмот и насилството насочено кон жените во политиката. Обезбедувањето рамноправно учество на жените во Владата и советите и на национално и на локално ниво е од клучно значење за подобрување на репрезентативната природа, отчетноста и квалитетот на демократиите“, изјави Ендру Бренд, директор за програми од Британската амбасада.

Директорката на ВФД во Северна Македонија, Дона Костуранова истакна дека, без еднаква застапеност на жените во политиката, невозможно е да се зачуваат принципите на репрезентативната демократија.

Почесна гостинка и говорничка на настанот беше Јасмин Куреши, пратеничка во Британскиот парламент која сподели добри практики за зајакнување на учеството на жените во политиката и  потенцираше дека жените ни требаат во политиката токму поради тоа што најголемите промени се случуваат токму поради жените кои биле гласни и зазеле позиција во креирањето решенија.

На настанот, од претставници на политички партии беа споделени намери за зголемување на квотите за еднаква застапеност меѓу мажите и жените кандидати, поголема застапеност на жените во извршната власт, поголема застапеност на жени кандидатки за градоначалници. Дел од политичките партии споделија и намери за постигнување на родова рамноправност во самите органи на партиите, како централните и извршните одбори.

За да поттикнат и поддржат повеќе жени да бидат дел од политиката, партиите најавија и академии, комисии за рамноправна застапеност, обуки и други активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...