сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: онлајн измама | 20 резултати

Битолчанка измамена од лажен американски војник за 10.000 евра

19 ноември 2024

Шеесетгодишна жена од Битола вчера пријавилa дека била измамена од лице за сума од 10.000 евра. „Пред околу четири месеци на фејсбук жената стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине […]

МВР со предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

14 ноември 2024

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Лицата се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои […]

Со лажен апел на македонската полиција и злоупотребено лого на Би Би Си, измамници ги манипулираат граѓаните

17 октомври 2024

Адвокатска компанија Симонс и Симонс на својот официјален веб сајт има поставено предупредување за измами во кои се злоупотребува нивното име. Адресата на официјалната страница е simmons-simmons [dot] com. Евидентно е дека адвокатската канцеларија е мета на манипулации, измами на светско ниво во повеќе држави, објави Вистиномер.  Текстот го пренесуваме интегрално:    Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во […]

МВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици

12 октомври 2024

МВР информира дека во периодов зачестена е појавата на лажни профили на социјалните мрежи кои се преставуваат во име на Интерпол или Министерството за внатрешни работи или во име на компании кои нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кој своите средства ги изгубиле во лажни онлајн […]

Илјадници граѓани гладни за брза заработка: Се ближи крајот на пирамидалната шема „Конти“, но се отвораат нови

6 октомври 2024

Паника владее во Кавадарци, Неготино и во Велес, откако преку онлајн пирамидалната шема „Конти“ (Conti) каде корисници беа повеќе од 14.000 македонски граѓани, запре исплатата на пари. Преку овој начин на брза заработка, која се одвива преку уплата на криптовалути на платформата за тргување со крипто, Бајненс (Binance), голем број македонски граѓани изгубија илјадници евра, […]

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

5 октомври 2024

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е ‘гледај за да заработиш’, со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери и со тоа го менуваат традиционалниот начин на промоција на филмовите“. Доколку го отворите вашиот телефон и ја пребарате апликацијата „Конти“ (Conti), ќе ви се појави […]

Агенцијата за пошти и АЕТМ потпишаа меморандум за борба против сивата е-трговија

19 јуни 2024

Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти потпишаат Меморандум за соработка со цел да ја намалат сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи. Меморандумот го потпишаа претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенцијата за пошти, Сретен Миладиноски. Според АЕТМ, нерегистрираните онлајн продавачи кои ги користат социјалните мрежи за продажба се нелојална […]

Вештачката интелигенција поттикнува измами на социјалните мрежи, тврди Европол

9 јануари 2024

Криминалците можат со помош на вештачката интелигенција да целат кон илјадници лица одеднаш, а најподложни на удар се корисниците на онлајн апликации за запознавање нови луѓе и социјалните мрежи. Експерти од Европол предупредуваат дека вештачката интелигенција во комбинација со случувањата во Украина и на Блискиот Исток овозможува зголемување на бројот на онлајн измами, пишува Гардијан. […]

Скопјанка измамена на Фејсбук, ѝ ветил дека ќе најде работа за син ѝ во Германија

21 ноември 2023

Жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена од лице кое се претставувало како посредник за работа во странство, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Според пријавеното, 53-годишната скопјанка стапила во контакт со лицето преку социјалната мрежа Фејсбук, каде тој ѝ ветил оти ќе пронајде работа во Германија за нејзиниот син. Во периодот […]

Компјутерска измама: Во име на тројца радовишани аплицирал за кредити и им ги менувал банкарските податоци

19 јуни 2023

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднело кривична пријава против 31-годишниот П.С. од Струга, 51-годишниот З.А. од село Дедино, Општина Конче и 47-годишниот Ц.С. од Долно Оризари, битолско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие се сомничат дека сториле кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга […]

Се множат измамите, избегнувајте купување преку социјални мрежи од нерегистрирани фирми

2 јуни 2023

Расте бројот на онлајн купувања на македонските граѓани, а паралелно се множат и измамите на граѓани при купувањето на виртуелните продажни места на Интернет. Незадоволството на граѓаните од онлајн измами се шири преку постови на социјалните мрежи, но и се пријавува кај Организацијата на потрошувачи на Македонија и во Министерството за внатрешни работи. За да […]

Шорткат: Како да се заштитиме од онлајн измами?

1 јуни 2023

На онлајн купување лани сме потрошиле над 550 милиони евра, што е рекордна сума за македонските граѓани. Растат трансакциите, но расте и бројот на онлајн измами – незадоволни купувачи, неиздадена фискална сметка, испразнети банкарски картички. Како да се заштитиме при купувањето на интернет, дознајте во новата епизода на емисијата „Шорткат“. Во новите вести за млади […]

Онлајн измама: Двајца велешани продавале празни цедеа за „учење странски јазици“

29 мај 2023

Двајца велешани добија кривични пријави поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи на фалсификување на исправи“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираше полицијата, двајцата, претставувајќи се во име на скопско училиште за странски јазици, преку онлајн продажба продавале цедеа (ЦД-а) за учење странски јазици. Цедеата биле празни, […]

Жртвите на измамникот од Тиндер собираат донации за да ги отплатат долговите

9 февруари 2022

Трите жени кои се дел од новиот документарен филм на Нетфликс – „Измамникот од Тиндер“ (The Tinder Swindler) започнаа кампања за финансирање каде бараат помош за да ги вратат своите долгови, пишуваат светските медиуми. Сесил Фјељој, Пернила Сјохолм и Ејлин Шарлот биле жртви на измамникот со име Шимон Хајут од Израел, кој претставувајќи се под […]

Гугл отстранува апликации од Play Store кои краделе лозинки од профили на Фејсбук

6 јули 2021

Девет апликации од Google Play Store кои имале над 5,8 милиони симнувања од корисниците низ целиот свет краделе лозинки од профили на социјалната мрежа Фејсбук. Компанијата Гугл ги отстранува овие апликации кои направиле прекршувања на приватноста на корисниците на апликациите, измамувајќи ги за да украдат информации од нив, пишува Engadget. Апликациите ги измамиле корисниците на […]

МВР предупредува за нова измама со наводна криптовалута

19 мај 2020

Бидете внимателни – има нова измама со наводна криптовалута, предупредува Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика (СККДФ) при МВР. Преку социјалните мрежи или преку електронска пошта измамници им испраќаат на македонските корисници линкови до лажна веб-страница, на која која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина. Со кликнување на […]

Страна 1 од 1