И покрај реакциите, утре се бираат двајца нови членови на Судскиот совет

Единствен кандидат за член на Судскиот совет од Врховниот суд е врховниот судија Наќе Георгиев, додека на листата за член од скопското апелационо подрачје има двајца кандидати: Антоанета Димовска и Лазар Нанев

-

Вкупно 236 судии утре ќе гласаат за избор на двајца нови членови на Судскиот совет, информира Судскиот совет. Од нив, 16 судии ќе гласаат во изборната единица во Врховниот суд, а 220 судии на 12 избирачки места од  апелационото подрачје на Скопје и управните судови.

Единствен кандидат за член на Судскиот совет од Врховниот суд е врховниот судија Наќе Георгиев, додека на листата за член од скопското апелационо подрачје има двајца кандидати: Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев судија од Основниот суд во Кавадарци.

Големи беа реакциите во однос на Георгиев, откако за него Судскиот совет ја прекина постапката за нестручно работење од времето кога бил претседател на Апелациониот суд во Штип. На затворена седница, членовите на Советот одлучија дека постапката за негово разрешување, за која 6 месеци не било одлучувано, била неоснована. Во однос на ова, Блупринт групата за реформи во правосудство минатата недела побара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет.

Во спротивно, како што изјавија, како крајно средство, судиите кои треба да гласаат на изборите за членови на Судскиот совет, од судовите во Апелациското подрачје Скопје и Врховниот суд, ќе треба да го бојкотираат процесот за избор на членови, поради нелегитимноста на Судскиот совет на РСМ.

„И покрај реакциите од домашните и меѓународните организации и експерти за несоодветното постапување на Судскиот совет во изминатиов период, сепак нивното работење укажува дека се продлабочува јазот и недовербата која постои помеѓу нив и македонската јавност.Последен пример е постапката за избор на нови членови во ССРСМ од редот на судиите каде како кандидати се утврдени судии за кои се водеше и се води постапка за утврдување на нестручно и несовесно работење“, пишуваше во соопштението на Блупринт групата.

Итно да се прекине постапката за избор на нови членови во Судскиот совет, бара Блупринт групата

Но, и покрај реакциите, избори во Судскиот совет ќе има.

Судиите утре ќе можат да го остварат своето избирачко право од 8 часот до 15 часот. По затворањето на гласачките кутии, ќе се избројат резултатите и ќе се направи записник во избирачките места.

„Целиот изборен материјал  потоа ќе се носи во Судскиот совет на РСМ, каде Комисијата за избори  сукцесивно ќе ги објавува прелиминарните резултати и ќе направи записник. Кандидатите имаат право на два приговора: за начинот на гласање и за објавените резултати,а по истекот на законските рокови, резултатите стануваат конечни“, информираат од Судскиот совет.

Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски поднесоа оставки од функциите во Судскиот совет по низата скандали кои ја тресеа оваа институција, а по контроверзното разрешување на поранешната претседателка Весна Дамева.

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

 

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...