fbpx

Moneyval: Македонските власти да ја зајакнат борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот

Од последната евалуација на „MONEYVAL” во 2014 година, две лица биле осудени за финансирање тероризам

-

Властите во Северна Македонија дополнително да ги зајакнат мерките за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и финансирањето на пролиферацијата, особено во областите на истрагата и обвинителството, се повикува во новиот извештај на MONEYVAL – телото на Советот на Европа за борба против перењето пари, кој беше објавен денеска.

MONEYVAL подготвува сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди поставени од Работната група за финансиска акција.

Телото заклучува дека, откако ја зајакнала својата правна рамка од последната меѓусебна евалуација, Северна Македонија ги поставила темелите за здрав режим за справување со перење пари и финансирање тероризам, но треба да го подобри спроведувањето на мерките во неколку области.

На оперативна страна, Северна Македонија постигнала значително ниво на ефективност за разбирање на нејзините ризици за перење пари и финансирањето на тероризмот и има имплементирано соодветни политики и стратегии за нивно ублажување. Извештајот препорачува властите да го подобрат нивното разбирање за ризиците што ги носат правните лица, казината и неформалната економија и повикува на подлабока проценка на влијанието на напорите за решенија за перењето пари и финансирањето тероризам во однос на последиците од прашањата за интегритетот во судството и обвинителството.

Иако се постигнати скромни резултати во однос на истрагите и обвиненијата за перење пари, органите на прогонот и обвинителите треба систематски да спроведуваат паралелни финансиски истраги и да се насочат кон посложени случаи на перење пари што вклучуваат организиран криминал, особено трговија со дрога и трговија со луѓе, како и даночно затајување и корупцијата.

MONEYVAL, исто така, ги повикува властите систематски да го применуваат принципот „следи ги парите“ за да се подобрат нивоата на конфискација.

Извештајот тврди дека властите генерално добро ги разбираат ризиците поврзани со финансирањето тероризам и дека меѓуагенциската соработка функционира добро.

Од последната евалуација на MONEYVAL во 2014 година, две лица биле осудени за финансирање тероризам.

Телото смета дека властите треба редовно да ги проценуваат ризиците од финансирање на тероризам, имајќи ја предвид ситуацијата забележана во извештајот во врска со странските терористички борци.

Државата има преземено чекори за подобрување на севкупниот систем за супервизија на перењето пари и финансирањето тероризам, но потребни се подобрувања за да се имплементира ефективен пристап заснован на супервизија на финансиските институции и повеќето назначени нефинансиски бизниси и професии како што се адвокати, нотари, сметководители и даночни советници.

Надзорните органи треба да ги засилат своите надзорни активности и да добијат посилни овластувања за спроведување на усогласеноста, како и дополнителни ресурси, онаму каде што е потребно, се додава во извештајот на телото на Советот на Европа.

MONEYVAL открива дека властите на Северна Македонија имаат конструктивна меѓународна соработка, иако има одредени недостатоци во однос на навременоста и квалитетот на некои од дадените одговори.

Во извештајот се тврди дека ова може да се подобри со воспоставување јасни цели и процедури на политиката и интегриран систем за управување со случаи и механизми за одредување приоритети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...