Нема повисоки плати за судските службеници, одлучи Министерството за финансии

Судскиот совет по негативниот одговор од Министерството за финансии, на денешната седница донел Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година за судските службеници, вработените во ССРСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители

-

Нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец јуни, бидејќи согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот. Вакво образложение добил Судскиот совет од Министерството за финансии, а по барањата на судските службеници за повисоки плати, кои подолг период протестираат и бараат покачување на платите.

Сепак, Судскиот совет по негативниот одговор од Министерството за финансии, на денешната седница донел Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година за судските службеници, вработените во ССРСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители.

„Членовите на Судскиот буџетски совет максимално се заложија да најдат начин согласно закон преку пренамена да обезбедат средства за исплата на додатоци на плата за вработените во судството, имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во ССРСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, нивните барања односно најавите за штрајк, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби“, се вели во соопштението на Судскиот совет и се додава дека и покрај заложбите, Министерството за финансии не дало согласност за бараните пренамени со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата.

Членови на Независниот синдикат за судска служба на Македонија минатиот месец излегоа на штрајк бидејќи повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата. Тие подолг период изразуваат револт од неработењето на Судскиот совет во делот на донесување одлуки што се во согласност со правилникот и во согласност со кој се регулираат додатоците на платата.

Јасмина Величкова, претседател на Независниот синдикат на судската служба, на штрајкот минатата недела рече дека протестираат вработените од сите судови.

„Се нема слух за нашите барања, нема ни 25 проценти додаток на нашите плати, ни ветија дека ќе има додатоци, но само на нив си ги зголемија платите. Нам ни зголемија само 5 проценти и тоа е понижувачки. 25 проценти за вработените во Судскиот совет, за нас само 5, ние сме на маргините, се работи и по две смени за да се прехранат семејствата, ваков Судски совет не знам дали и треба да постои. Од наши средства се двои за плати на функционерите“, рече Величкова, а пренесе „Макфакс“.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...