fbpx

Нема никакво спојување на Русија и Белорусија

Проверката на Вистиномер покажа дека, ниту Песков дал таква изјава, дека со изјавата на Путин ќе била одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин објави некакво спојување со Белорусија

-

Постот пренесува лажна изјава на Песков врз основа на која дезинформира дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал изјава, дека со настапот на Путин на 26 јуни ќе биде одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин во обраќањето објави некакво спојување со Белорусија. Тој во својот говор се осврна на бунтот на групата Вагнер, порачувајќи им на нејзините припадници дека се руски патриоти и дека имаат можност да продолжат да ѝ служат на Русија и да склучат договор Министерството за одбрана, или оние кои сакаат, можат да се преселат во Белорусија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој врз основа на претпоставки, а повикувајќи се на лажна изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, шири неточна вест дека Русија ќе се спојува со Белорусија.

Песков рече дека изјавите што Путин ќе ги даде вечерва „без претерување ќе ја одредат судбината на Русија, стои во постот кој објавува напис со наслов: „Вечерва Путин ќе објави спојување со Белорусија?“.

Станува збор за обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин од 26.06.2023 година, по бунтот на војниците на групата Вагнер. Имено, написот споделен во текстот, пренесува изјава од Песков кој наводно рекол дека изјавите што Путин ќе ги даде вечерва (26.06.) „без претерување ќе ја одредат судбината на Русија“.

Тргнувајќи од ваквата наводна изјава на Песков, постот што го рецензираме шири невистини дека Путин ќе објавел спојување со Белорусија.

Нашата проверка покажа дека, ниту Песков дал таква изјава, дека со изјавата на Путин ќе била одредена судбината на Русија, ниту пак, Путин објави некакво спојување со Белорусија.

Имено, во пресрет на обраќањето на рускиот претседател на 26.06, се појавија вести за изјава на Песков дека говорот на Путин наводно ќе биде „дефинитивен и судбоносен“.

Ваквите вести ги демантираше самиот Песков.

Па, се разбира, ова е лажно. Таква изјава немаше. Многу непрофесионално за многумина, изјави Песков за РИА Новости.

Што се однесува до обраќањето на Путин, рускиот претседател во ниту еден момент не спомна никакво спојување со Белорусија. Тој во својот говор се осврна на бунтот на групата Вагнер, порачувајќи им на нејзините припадници дека се руски патриоти и дека имаат можност да продолжат да ѝ служат на Русија и да склучат договор Министерството за одбрана, или оние кои сакаат, можат да се преселат во Белорусија.

Им благодарам на оние војници и команданти на Вагнеровата група што ја донесоа единствената правилна одлука – не отидоа на братоубиствено крвопролевање, застанаа на последната линија. Денес имате можност да продолжите да и служите на Русија со склучување договор со Министерството за одбрана или други агенции за спроведување на законот или да се вратите кај вашето семејство и пријатели. Кој сака може да оди во Белорусија. Ветувањето што го дадов ќе се исполни. Повторувам, изборот е ваш, но сигурен сум дека тоа ќе биде изборот на руските војници кои ја сфатија својата трагична грешка. Благодарен сум на претседателот на Белорусија Александар Григориевич Лукашенко за неговите напори и придонес за мирно решавање на ситуацијата, рече Путин во обраќањето на 26.06.2023

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме пренел лажна изјава на Песков врз основа на која продолжил да шири лажна вест дека ќе има некакво спојување на Русија и Белорусија. Путин такво нешто не најави. Оттука, можеме да кажеме дека постот е невистинит.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...