Во минатата година се намалила продажбата на недвижности во поголемиот дел од 16 членки држави на Европската Унија во споредба со 2021, кога повеќе се купувале станови и куќи, покажува извештајот на Евростат.
Најголемиот пад е забележан во Данска со намалени 31.6 проценти, Холандија со намалени 16.2 проценти и Луксембург со намалени 15.1 проценти.
Раст на станбени трансакции се забележува во Кипар со зголемување од 27.4 проценти, Ирска со 7.7 процети и Шпанија со 6 проценти.
По пандемијата со ковид-19, пазарот за недвижности е нестабилен и поради мерките за време на пандемијата, станбените трансакции претрпуваат општ пад, при што само четири држави (Данска, Финска, Холандија и Австрија) од земјите на ЕУ, има зголемување на продажбата.
Во 2021 година има привремен раст на ова поле во сите земји членки на ЕУ со исклучок на Луксембург и Холандија. Најголемиот пораст се гледа во Шпанија со 39.3 и Бугарија со 39 проценти.