Судскиот совет ја прифаќа идејата на евроамбасадорот Гир за оценска мисија на институцијата

Сепак, и покрај тоа што се согласуваат на транспарентна соработка, од Судскиот совет изразуваат голема загриженост од фактот што „во изминативе недели, ова тело е изложено на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор“

-

Судскиот совет преку соопштение ја поздрави и ја прифати идејата на амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, кој за емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека веќе е доставен предлог до Владата да се испрати оценска мисија за работата на ова тело.

„Судскиот совет високо ги цени напорите на ЕУ, но и личниот ангажман на Амбасадорот во изнаоѓање на конкретни решенија, кои треба да доведат до тоа оваа институција да може докрај да ги оствари своите законски надлежности, но и уставната мисија која е во функција на штитење и промовирање на независноста, професионалноста и интегритетот на судството и на судиите. Членовите изразуваат целосна подготвеност за отворена и транспарентна соработка со надворешни и домашни непристрасни и објективни експерти, бидејќи сметаат дека само на тој начин ќе се добие многу пореална и вистинска слика за функционирањето и начинот на одлучување во Судскиот совет“, се вели во соопштението.

Сепак, и покрај тоа што се согласуваат на транспарентна соработка, од Судскиот совет изразуваат голема загриженост од фактот што, како што велат, „во изминативе недели, ова тело е изложено на жестока и неаргументирана медиумска и политичка кампања, како и притисок од невладиниот сектор со отворени повици за оставки, со намера комплетно да се дезавуира кредибилитетот на членовите, но и угледот на институцијата во целина“.

„Членовите се свесни за лошата перцепција што е креирана во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека работи нелегитимно и се носат незаконски и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси. И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат покуси и неинформирани за голем број активности што ги спроведува во моментов Советот, а кои опфаќаат интензивна работа околу редовната оценка на судиите, избор на нови судии од редот на академците, како и на претседатели на судови, посети, извештаи, постапки за утврдување на одговорност на судии“, се вели во соопштението.

Жестоки критики за работата на Судскиот совет денеска испрати и Блупринт групата за реформи во правосудство, во која членуваат видни невладини организации, која побара итно да се прекине со постапката за избор на нови членови во Судскиот совет.

Во спротивно, како што изјавија од Блупринт групата, како крајно средство, судиите кои треба да гласаат на изборите за членови на Судскиот совет, од судовите во Апелациското подрачје Скопје и Врховниот суд треба да го бојкотираат процесот за избор на членови, поради нелегитимноста на институцијата.

Критиките за работата на Судскиот совет започнаа при успешниот обид на контроверзен начин да се смени претходната претседателка Весна Дамева, а во меѓувреме, двајца членови поднесоа оставки, по што на 13 јули треба да се изберат нови.

Итно да се прекине постапката за избор на нови членови во Судскиот совет, бара Блупринт групата

 

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...