Куќен притвор за Рашковски за „Софтвери“

Притворот му е одреден поради опасност од бегство и тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. За останатите обвинети не беше одредена мерка притвор

-

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата ќе биде во куќен притвор до правосилноста на пресудата, одлучи попладнево судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за случајот „Софтвери“. Притворот му е одреден поради опасност од бегство и тој доби и забрана да комуницира со останатите обвинети. За останатите обвинети не беше одредена мерка притвор.

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека смета оти останатите обвинети можат да се дадат во бегство и дека обвинителството ќе се жали на оваа одлука на судот.

Рашковски и уште шест лица денеска беа неправосилно прогласени за виновни за четири спорни јавни набавки на софтвер – за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Рашковски беше осуден на единствена казна затвор од 8 години, професорот Ивица Димитровски, носител на проекти на „Финки“ е осуден на пет години затвор, обвинетиот Игор Христов, надворешен соработник на Влада е осуден на пет години и шест месеци затвор, Даниел Станчев од „Инвока груп“ е осуден на четири години затвор, надворешната соработничка на Владата Ирена Ивановска е осудена на три и пол години, а по три години затворски казни добија Игор Ивановски и Маја Силјаноска, исто така надворешни соработници во Владата.

По изрекувањето на пресудата, а кога осудените и нивните адвокати се произнесуваа во однос на предлогот на обвинителката Ивана Трајчева за изрекување мерка притвор, еден од обвинетите, Даниел Станчев ја запроси обвинетата Ирена Ивановска во судницата.

Трајчева како една од околностите поради кои бара притвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев ги кажа своите аргументи против притворот и, кога зборуваше за околноста што нема семејство, се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена. Таа стана, му одговори потврдно, по што се прегрнаа, а во судницата се слушна и аплауз.

Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“

 

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...