fbpx

ССНМ и ЗНМ најостро го осудуваат попречувањето на работата на ТВ Телма од Судскиот совет

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудуваат некоректното однесување кон медиумите на државните службеници кои на најбескрупулозен начин ја прекинаа работата на ТВ екипата на Телма при нејзиното известување од важен настан, се вели во заедничкото соопштение.

„Припадници на МВР по наводна наредба на одговорните во Министерството за правда денеска упорно и вулгарно го попречуваа јавувањето во живо на новинарот Павле Беловски од Телма, иако тој беше надвор од просториите во кои се одржуваше седницата на Судскиот совет и никако не ја попречуваше работата на советот во која учествуваше и оценувачката мисија на Европската унија на чие чело е поранешниот судија на хрватскиот Врховен суд, Бранко Хрватин“, велат од ЗНМ и од ССНМ.

Тие додаваат дека поради неможноста да се обезбедат минимум услови, јавувањето во живо во централните вести на ТВ Телма беше прекинато, а јавноста остана скусена за елементарна и важна информација. Тоа што повеќе загрижува, велат од ЗНМ и од ССНМ, е дека припадниците на полицијата или во овој случај одговорните во Министерството за правда сосема непотребно предизвикале инцидент кој отвора дилеми околу желбата за транспарентност во државните органи.

ССНМ и ЗНМ реагираат и на неколкукратното легитимирање на новинарите, иако тоа не е пракса и има димензии на понижувачки однос, и најавуваат постапка пред внатрешната контрола на МВР, пријава за одговорните лица во Министерството за правда и во Судскиот совет,  но и информирање на меѓународните новинарски асоцијации.

Од Судскиот совет попладнево соопштија дека инцидентот се случил во внатрешниот дел на зградата, пред влезната врата на Судскиот совет, во време додека траела седницата на која присустувале сите членови и дел од стручната служба.

„Сакаме да потенцираме дека обезбедувањето на објектот го врши МВР и Судскиот совет не сака непотребно да биде инволвиран во некаков инцидент и да се споменува во било каков контекст, со кој би се довела во прашање работата на медиумите или би се ограничила слободата на изразување. Потсетуваме дека Судскиот совет се залага за транспарентност и отчетност, како и за соработка со медиумите и невладиниот сектор, а доказ за тоа е што сите седници се отворени за јавноста и во последно време директно се емитуваат во живо“, изјавија од Судскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...