fbpx

Лога: Oдлучив да не присуствувам на седниците на Судскиот совет, исто како што правеа и моите претходници

Судскиот совет констатираше дека министерот Лога и претседателката на Врховниот суд иако биле уредно поканети, не дошле на седница и не го известиле советот за нивното отсуство, додека Лога се води од препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело

-

Присуството на министерот за правда на седници на Судскиот совет, без право на глас, не влијае на носењето одлуки и законското работење на Судскиот совет, вели министерот за правда Кренар Лога, додавајќи дека во изминатите години, неколку министри за правда не присуствувале на седниците на Судскиот совет поради препораката на ГРЕКО за укинување на членството на министерот за правда по службена должност во ова тело.

Реакцијата следува откако на денешната седница, Судскиот совет констатираше дека министерот Лога и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, кои се членови по функција на Судскиот совет, иако биле уредно поканети, не дошле на седница и не го известиле советот за нивното отсуство.

Останатите членови на советот посочија дека станува збор за практика која трае подолго време. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, на седницата рече дека присуството на членовите по функција на седниците, особено може да биде значајно за разгледување и изнаоѓање решенија за состојбите во правосудството, наместо за некои работи да се комуницира преку медиумите.

Сепак, Лога вели дека присуството на министерот за правда на седници, без право на глас, никако не влијае на носењето одлуки и на законското работење на Судскиот совет.

„Веднаш по стапувањето на функцијата министер, го известив Судскиот совет и побарав да се почитува препораката на ГРЕКО и да се интервенира во Уставот со бришење на оваа одредба, во спротивно најавив дека ќе присуствувам на сите седници на Судскиот совет на кои имам право како член по функција затоа што Уставот мора да се почитува. Со писмен допис го информирав Судскиот совет да направи разграничување на седниците и да ме информира за оние на кои можам да присуствувам“, вели Лога.

Како што е наведено во Законот, смета тој, членовите на Советот по функција не учествуваат во работата на седниците на Советот на кои се расправа и одлучува за поведена постапка за утврдување на одговорност, избор или разрешување на судија или претседател на суд.

„Со оглед на тоа што во последниот период се случија низа нерегуларности во работењето на ова тело каде во голема мера се наруши кредибилитетот на неговите членови, а довербата на јавноста се сведе на најниско ниво, како и посeтата на Оценската мисија на ЕУ која ја скенираше состојбата во Судскиот совет по низата скандали и превирања, одлучив да не присуствувам на седниците исто како што тоа го правеа моите претходници“, изјави министерот за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...