fbpx

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

Лога до Судскиот совет доставил и допис за отворање на постапка за утврдување одговорност за работата на Нанев како претседател на Основниот суд во Кавадарци

-

Министерот за правда, Кренар Лога, го разреши судијата и претседател на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Лазар Нанев, а до Судскиот совет доставил и допис за отворање на постапка за утврдување одговорност за неговата работа.

„Јас како министер нема да дозволам во работни тела што се во состав на Министерството да членуваат лица за кои постојат сериозни индиции за нарушен интегритет“, рече Лога.

Министерот за правда не е задоволен од работата на Судскиот совет кога станува збор за случајот со претседателот на судот во Кавадарци Нанев и затоа рече дека побарал од нив повторно да го испитаат неговото работење но и наводите кои се испратени до Судскиот совет од кавадаречкото обвинителство, Вишото јавно обвинителство и Советот на јавни обвинители.

„Сакам да ѝ појаснам на јавноста дека до Судскиот совет во изминатиот период се доставени низа писмени дописи од Советот на јавните обвинители и Вишото јавно обвинителство Скопје во врска со поднесоци од граѓани за работата на судијата кој воедно е и Претседател на Основниот суд Кавадарци. И покрај фактот што во доставените материјали се присутни сериозни наводи кои укажуваат на нарушен интегритет на судија како и индиции за можни злоупотреби и евентуални влијанија отсуствува постапувањето на Судскиот совет. Министерството за правда покрај сите преземени обиди не успеа да дојде до сознанија за било какви мерки кои Судскиот совет ги има преземено со цел испитување на фактичката состојба и утврдување на одговорност врз основа на сите доставени писмени наводи и индиции за судијата и Претседател на судот во Кавадарци“, рече Лога.

Тој уште еднаш го повика Судскиот совет веднаш да отвори постапка за утврдување на одговорност за судијата и Претседател на Основниот суд Кавадарци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...