fbpx

Започнува зонското паркирање во Општина Карпош

Новата јавна површина за паркирање – зона Д42 е лоцирана кај комплексот МИДА, на улицата „Орце Николов“, каде за еден час паркирање се наплаќа 25 денари

-

Започнато е воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош, информираше денеска јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Новата јавна површина за паркирање – зона Д42 е лоцирана кај комплексот МИДА, на улицата „Орце Николов“. Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои две се наменети за лица со попреченост.

Час паркирање во оваа зона чини 25 денари, додека станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната ќе ја користат услугата паркирање бесплатно за две возила.

Работното време на паркинг зоната е од понеделник до сабота од 7 до 23 часот, додека во недела и на државни празници нема да се врши наплата за паркирање.

Општина Карпош во 2020 година спроведе анкета меѓу жителите на Карпош 1 и Карпош 2, од кои огромно мнозинство се согласија на воведување зонско паркирање.

Жителите се жалеа дека имаат проблеми со возилата кои избегнуваат да платат паркинг во Дебар Маало и се паркираат бесплатно во овие две населби. Дополнителен проблем се и паркираните хаварисани возила и автомобили за продажба оставени од дилери на половни возила, кои ги окупираат постојните паркинг места за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...