четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: зонско паркирање | 28 резултати

Нетранспарентност: Повеќето општински советници од Центар и Чаир над три недели не одговараат на прашања

20 ноември 2022

Најголем дел од советниците од општинските совети од Чаир и Центар ги игнорираат новинарските прашања кои Мета.мк и Порталб.мк ги поставија пред повеќе од три недели. Во Центар ги прашавме на темата за поскапувањето за зонското паркирање на ЈП ПОЦ, како и транспарентноста и отвореноста на седниците на општинскиот совет во Чаир. Од вкупно 50 […]

Од утре паркинзите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје со ново работно време

30 септември 2022

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1 октомври започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ –Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок, во периодот од 7 до 21 часот, а […]

Нова зонска поделба на паркиралиштата на ПОЦ, во некои зони има поскапување на цената

30 септември 2022

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје информира дека од 1 октомври 2022 година воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието. „Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање […]

Тетовски „Градски паркинг“ не кажува зошто наплаќа од граѓаните за паркинзи што не се пуштени во употреба

29 септември 2022

Иако зонските паркинзи Б9 и Б14 во Тетово сè уште не се пуштени во употреба, системот веќе неколку недели наплатува од граѓаните кои паркираат таму и испраќаат СМС пораки. Граѓаните праќаат пораки затоа што ЈП „Градски паркинг“-Тетово има поставено табла со известување дека мора да се прати порака за паркирање, но не сметале дека системот […]

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно време

31 мај 2022

Од утре, 01.06.2022 година, ЈП „Градски паркинг“ започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат денеска од Град Скопје. Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, односно подолго во споредба со зимското работно време кое […]

ЈП „Градски паркинг“ ќе ги намали цените за паркирање во Скопје – од 1 март

29 јануари 2022

Управниот одбор на јавното претпријатие „Градски Паркинг“ – Скопје вчера донел одлука за намалување на цената за паркирање во Скопје од 1 март годинава. Со оваа одлука, цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 на 75 денари, во зона А од 50 на 40 денари, во зона Б од […]

Порталб: „Градски паркинг“-Тетово молчи за правилникот за казни за неправилно паркираните возила

21 октомври 2021

Во тетовската паркинг зона A1, конкретно, во горниот дел од улицата спроти Поштата во градот, возилата често се паркираат непрописно, а во неколку случаи дури и во долниот дел од улицата. Поттикнати од дојавата на еден жител на Тетово, кој рече дека е неправедно казнет, новинарот на Порталб.мк неколку дена по ред го набљудуваше теренот и […]

Поради корона кризата, догодина ќе нема инвестиции во изградба на нови паркинзи во Скопје

16 декември 2020

Големите финансиски загуби на јавните претпријатија годинава ќе доведат до одложување на планираните капитални инвестиции во изградба на нови јавни паркинзи и монтажни гаражи за решавање на проблемот со паркирањето во Скопје. Големиот број проблеми со паркирањето во главниот град, за што „Мета.мк“ веќе подолго време пишува, и понатаму ќе се решава единствено со интервенции […]

Секој паркинг во Скопје со свои правила, граѓаните станаа експерти за паркирање за да не добијат казна

7 декември 2020

Секој паркинг на ЈП „Градски паркинг“ или ЈП „Паркинзи на општина Центар“ си има свои правила за паркирање, кои доколку граѓаните не ги познаваат добро, резултира со кревање на нивното возило од пајак-службата или поставување на блокатор на возилото. Негативните реакции на граѓаните во главниот град се секојдневни, а многумина обвинуваат дека различните правила за […]

ПОЦ со три нови паркиралишта во Центар, во Карпош сè уште се чека на зонско паркирање

5 октомври 2020

Хроничниот проблем со недостиг на паркинг места во главниот град се решава на различен начин низ скопските општини. Двете јавни претпријатија кои управуваат со паркинзите во Скопје веќе подолг период регистрираат поголем број на издадени бесплатни дозволи за паркирање од бројот на паркинг места со коишто тие располагаат. Ситуацијата е најкритична во центарот на Скопје, […]

Корона вирусот за два и пол пати го намали бројот на паркирани возила во центарот на Скопје

11 мај 2020

Намалената фреквенција на движење на граѓаните и воведувањето на полицискиот час поради епидемијата на корона вирусот влијае на работењето на зонското паркирање во Скопје. Податоците од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) покажуваат дека бројот на паркирани возила во центарот на Скопје во текот на март годинава e за два и пол пати помал во […]

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

8 мај 2020

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. […]

Скратени термините за платено паркирање во Тетово во саботите и во зимскиот период

28 февруари 2020

По веста на „Порталб.мк“ дека плаќањето за зонското паркирање во Тетово е подолго од повеќето други општини како Гостивар, Куманово и Скопје, Советот на општина Тетово донесе одлука за намалување на времетраењето на работата на паркингот во саботите и зимската сезона, пишува „Порталб.мк“. На 29-тата седница на општинскиот совет, на дневен ред беше и промената […]

ПОЦ ќе уреди нов паркинг кај Зелен пазар – постигнат договор со пазарџиите

14 февруари 2020

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) во март ќе го уреди постојниот „див паркинг“ зад Зелениот пазар за да се ослободи простор за паркирање за корисниците и продавачите на ова пазарче, информираат од ПОЦ. Станува збор за изведба на ново паркиралиште со систем за контрола преку влезно-излезни рампи. Еден дел од паркингот ќе биде наменет […]

Заврши анкетата за паркирање во Карпош 1, нема најава за изградба на нови паркинзи

5 февруари 2020

Анкетирањето на граѓаните од населбите Карпош 1 и 2 за нивниот став за воведување на зонското паркирање трае веќе една недела. Во Карпош 1 заврши анкетирањето и податоци за ставот на жителите беа собрани од околу 1.500 домаќинства. Од Општина Карпош за „Мета.мк“ велат дека од денеска започнува анкетирањето на граѓаните од Карпош 2 и […]

Изедначувањето на цената за паркирање допрва ќе се договара меѓу ПОЦ, Градски паркинг и АДСДП

17 јануари 2020

ЈП Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) постојано е во комуникација со Град Скопје и АД за станбен и деловен простор, но засега нема конкретен договор за изедначување на цената за паркирање во центарот на Скопје. Откако ПОЦ ја зголеми цената за паркирање на 70 денари за еден час на нивните паркинзи, граѓаните почнаа да реагираат […]

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

13 јануари 2020

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат […]

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

5 јануари 2020

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз […]

Зонското паркирање во Тетово се наплаќа подолго во споредба со другите градови

12 декември 2019

После 21 часот во Гостивар, Куманово и Скопје можете бесплатно да го паркирате возилото на местата за зонско паркирање. Но, во Тетово, ситуацијата е поинаква. Во овој град зонското паркирање важи до 23 часот. Во Тетово, исто така, нема олеснувања за сабота, споредено со споменатите градови, каде што во сабота се плаќа до 15 часот, […]

На Скопје му фалат 8.000 паркинг места, а „Градски паркинг“ нема пари за нови гаражи

18 ноември 2019

На Скопје во моментов му недостигаат околу 8.000 паркинг места за да го реши проблемот со паркирањето на возилата, но ЈП „Градски паркинг“ нема доволно финансии за да инвестира во изградба на монтажни или катни гаражи со кои би се надминал ваквиот недостиг. – ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со моменталниот ценовник на услуги не […]

Страна 1 од 2