fbpx

Порталб: „Градски паркинг“-Тетово молчи за правилникот за казни за неправилно паркираните возила

-

Во тетовската паркинг зона A1, конкретно, во горниот дел од улицата спроти Поштата во градот, возилата често се паркираат непрописно, а во неколку случаи дури и во долниот дел од улицата. Поттикнати од дојавата на еден жител на Тетово, кој рече дека е неправедно казнет, новинарот на Порталб.мк неколку дена по ред го набљудуваше теренот и забележа дека непрописно паркирање има често, но казнувањата се селективни. Меѓутоа, ЈП „Градски паркинг“ две недели молчи по ова прашање.

Еден граѓанин, се пожали во редакцијата на Порталб.мк поради начинот на работење на Јавното претпријатие „Градски паркинг“. Граѓанинот, кој се јави во нашата редакција, рече дека на почетокот на септември, заради примање на втора доза вакцина закажана во Домот на културата, колата ја паркирал пред Поштата, односно пред ТТК Банка. Тој рече дека за паркинг платил преку порака но кога се вратил, на тркалата му ставиле блокатор, само затоа што се паркирал косо, а не паралелно.

„Веднаш се јавив на оставениот број за контакт и одговорниот што одговараше на повиците беше многу арогантен. Потоа го најдов бројот на нивниот шеф, но исто така наидов на затворена врата бидејќи тој имаше поважна работа“, рече граѓанинот.

Тој платил глоба од 1.000 денари бидејќи „возилото не е паркирано во права линија“. Граѓанинот испрати и слики како доказ за случајов.

После ова, Порталб.мк веднаш го контактираше ЈП „Градски паркинг“ за да праша дали има правилник со кој се предвидува на граѓаните да им се блокира возилото иако тие платиле за паркинг, но не се паркираат во права линија и побара доказ дали за тоа постои такво правило, конкретно за зона A1.

Со претпријатието контактиравме на сите можни начини, преку имејл, телефон и пораки, но до овој момент не добивме одговор. Па така, бевме принудени за ова прашање да изготвиме барање врз основа на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Ова се прашањата на кои Порталб.мк побара одговор од ЈП „Градски паркинг“:

  1. Дали ги казнувате луѓето коишто испраќаат смс, но возилата ги паркираат неисправно, на пример, доколку паркингот е паралелно, а возилата се паркираат косо, што е најприсутно во зона А1, односно во делот кај поштата?
  2. Како постапува вработено лице за паркинзи доколку види дека некое возило е паркирано непрописно, а има испратено смс?
  3. Дали постои правилник според кој граѓанинот треба да се казни?
  4. Доколку да, каде е ова пропишано? Дали може да ни го испратите документот или правилникот каде што се предвидува ова?
  5. Зошто од страната на улицата кај М Хаус 3 (M House 3) се дозволува неисправно паркирање на возилата, а не е дозволено кај поштата, кога граѓаните испраќаат смс?

Инаку, јавното претпријатие „Градски паркинг“-Тетово во првите шест месеци од годинава работеше со загуба. Разликата меѓу приходите и расходите е 1.363.000 денари или над 22.000 евра. Од ова претпријатие велат дека главниот причинител за ваквата загуба е ситуацијата со пандемијата кога во месец април или мај, поради полицискиот час, ЈП „Градски паркинг“ работело со скратено работно време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...