fbpx

Нова зонска поделба на паркиралиштата на ПОЦ, во некои зони има поскапување на цената

-

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје информира дека од 1 октомври 2022 година воведува промени во зонската поделба на јавните паркиралишта, како и промени во дел од цените и надоместоците за услугите на претпријатието.

„Реорганизацијата на зоните доаѓа по бројните реакции од корисниците за досегашната Зона 01, која причинуваше забуна при испраќање на смс пораките. Следствено на тоа, јавните паркиралишта на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се класифицираат во три паркинг зони: Зона 0, Зона 1 и Зона 2“, информираат од ова претпријатие.

Во Зона 0 се опфатени истите сервисни и станбени улици како и до сега: „8-ма Ударна бригада“, „Лермонтова“, „Никола Кљусев“, „Максим Горки“, „Наум Наумовски Борче“ (делот пред раскрсницата помеѓу бул. ВМРО и бул. Партизански Одреди), „Скопска“ и „Орце Николов“ (од бул. ВМРО до Плоштад Македонија).

Во Зона 1 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Дебар Маало“, Сектор „Парк“ и Сектор „Буњаковец“, а во Зона 2 се опфатени сервисните и станбени улици во Сектор „Капиштец“ и Сектор „Пролет“.

Цената за 1 час паркирање во Зона 0 ќе биде 100 денари, во Зона 1 – 70 денари и во Зона 2 – 60 денари. Со овие промени ќе се добие подобра организација на паркиралиштата и ќе се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето на територија на општината.

Кај некои од паркиралиштата на ПОЦ, од утре ќе има зголемување на цената за паркирање за 10 денари од час поради новата поделба. На пример, паркинзите во секторот „Буњаковец“ ќе бидат дел од Зона 1 и цената за еден час паркирање се зголемува од 60 на 70 денари.

ЈП ПОЦ ќе ги обнови сите информативни табли на паркиралиштата, со новите поделба на зоните и цените за паркирање кај секоја од нив. Исто така, од ова јавно претпријатие направиле измени и во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта и Ценовникот на услуги и надоместоци за отстранување и преместување, кои се објавени на нивната веб-страница. Новите подзаконски акти беа изгласани на 13-та седница на Советот на Општина Центар одржана на 30.8.2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...